Македонци

Македонска алијанса за европска интеграција оддаде почит на протераните Македонци од Горна Горица

Со длабока почит, делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи свежо цвеќе на споменикот во Долна Горица, подигнат во чест на трагичниот настан – протерувањето на Македонците од преспанското село Горна Горица на 14 март 1933 година. На овој ден, пред 93 години, во раните утрински часови, камиони со жандарми влегле во селото и започнале брутална акција. ...

Read More »

Летник народен празник

Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...

Read More »

Нова изворна песна на Бајрам Мемиши „Желај бре билбил“ од областа Гора (ВИДЕО)

Бајрам Мемиши од областа Гора, Албанија, компонираше нова изворна песна со наслов „Желај бре билбил“. Текстот на песната го напиша неговиот син Шклзен Мемиши, додека песната ја изведува самиот Бајрам Мемиши. Бајрам Мемиши, заедно со своите синови, ја сочинува познатата музичка група која изведува изворни македонски песни од областа Гора во Албанија. Оваа група е една од најбараните во регионот, ...

Read More »

Општина Пустец со еколошка акција пред туристичката сезона

Фото: Општина Пустец Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат областа Преспа. Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на Ферит Хоџа за шеф на дипломатијата и очекува  подобрување на положбата на Македонците 

Македонското друштво “Илинден”-Тирана му го честита изборот на новиот албански прв дипломат Ферит Хоџа, со очекувања да се заложи за подобрување на правата на Македонците во Албанија. “Дозволете ми, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во мое лично име, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, да ви го честитам изборот на оваа клучна функција и ...

Read More »

ОМО “Илинден”-Пирин: Поддршка за адвокатот Тони Менкиноски

Организацијата ОМО “Илинден”-Пирин изрази јавна поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, оценувајќи дека забраната која му е изречена нема правна основа, туку претставува етнички мотивирана одлука. Од организацијата наведуваат дека ваквата постапка, според нив, е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија. „Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина ...

Read More »

Централниот Совет на Македонците во Германија ја осуди забраната за влез на Тони Менкиноски во Бугарија

Централниот Совет на Македонците во Германија остро го осудува десетгодишниот влезен забран што бугарските власти му го изрекоа на македонскиот адвокат за човекови права Тони Менкиноски. Оваа мерка претставува сериозен удар врз слободното вршење на адвокатската професија и отвора суштински прашања за почитувањето на принципите на владеење на правото од страна на една членка на Европската Унија. Напад врз човековите права и ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Read More »