Со оглед што во областа Голо Брдо живеат Македонци, кои ја практикуваат својата традиција, за македонската традиција се заинтересирала и Општина Булќиза. Тоа го покажува со објавувањето на видео од процесот на изрбаотување на македонската носија од село Острени (Малестрени), областа Голо Брдо (ВИДЕО) Во него се претставува благословеноста за нашето културно наследство. #традиција, #уметност и #култура, кои се гледаат ...
Read More »Македонци – Албанија
Амбасадорот Марковски во Пустец: Јазикот е наша татковина велеше Блаже Конески
Македонскиот амбасадор во Албанија, Дончо Марковски, денеска, на завршните активности посветени на Денот на македонската азбука и 100-годшнината од раѓањето на великанот Блаже Конески, се обрати пред Македонците во дворот на училиштето во Пустец, каде заедно проследија културно-уметничка програма подготвена од учениците и нивните наставници. Ми причинува особено задоволство да ве поздравам и да ви се заблагодарам за вашето учество ...
Read More »Џелили за весникот „Илинден“: Претседателот Мета се заложи за вклучување на малцинства во институциите
Албанскиот претседател Илир Мета се заложи за вклучување на припадниците на националните малцинства во институциите на локално и централно ниво, изјави Елса Џелили координаторка на Македонско друштво „Илинден“-Тирана за округот Елбасан за истоимениот весник. Џелили, која ја предводеше делегацијата на друштвото на средбата со Мета, на која присуствуваа претставници и на другите етнички заедници во земјата, рекол дека „националните малцинства ...
Read More »Стерјовски го честиташе денот на македонската азбука и порача да се чува македонскиот јазик, азбука, култура и традиција
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски од негово лично име и од во име на партијата, како учесник на настаните кои се одржуваат во општина Пустец, го честиташе Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Ова година одбележуваме 77 години од донесувањето на решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква. Во ...
Read More »Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Македонија, Зоран Попов во работна посета во Општина Пустец
Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, на Република Македонија, Зоран Попов реализираше средба со градоначалникот на општина Пустец, присутен на средбата беше пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, Амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Данчо Марковски, и директорот на културно информативниот центар на Република Македонија во Тирана, Златко Ориѓански и други претставници на националното малцинство од регионот на Мала Преспа. Са време ...
Read More »Во Глобочани тркалезна маса за великанот Конески, во Пустец семинар за македонски јазик (ФОТО)
Во општина Пустец денеска почнаа активностите по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100 годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески, кои продолжуваат и во текот на утрешниот ден. Во селото Глобочани во музејот посветен на познатиот албански писател со македонско потекло Стерјо Спасе, кој е родум од ова малопреспанско село беше одржана тркалезна маса, посветена на ликот ...
Read More »Во Пустец активности по повод Денот на македонскиот јазик и 100-годишнината од раѓањето на Конески
Низа настани поврзани со одбележувањето на Денот на македонскиот јазик и 100 годишнина од раѓањето на великанот Блаже Конески, ќе бидат реализирани во следните два дена во општина Пустец, информираше македонската амбасада во Тирана. Организатори на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Македонија, амбасадата и Културно информативниот центар во Тирана, во соработка со општина Пустец, друштвата на Македонците ...
Read More »Kоординатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за регионот Елбасан, Елса Џелили учестуваше на тркалезна маса за малциствата во Елбасан (ВИДЕО)
Во тек е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ во Албанија чија цел е да го зголеми квалитетот на застапеност во избраните тела на локалната самоуправа. Во работата учествуваат Здружението на црногорската заедница заедно со уште 7 други организации. Во рамките на овој проект, на 24 мај 2021 година, во градот Елбасан се одржа тркалезна маса со ...
Read More »Честитка по повод Свети. Кирил и Методиј од Македонско друштво “Илинден“-Тирана
По повод 24 Мај, Денот на словенските просветители светите Кирил и Методиј, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г.г.Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви ...
Read More »Претставничката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обрати пред претседателот Мета (ФОТО)
На денешната средба што албанскиот претседател Илир Мета ја организираше со претставниците на малцинствата во земјата, по повод меѓународниот ден за културен дверзитет и дијалог, присуствуваше и делгација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Македонците ги предводеше Елса Џелили, координатор на друшвото за округот Елбасан, која откако топло се заблагодари за можноста да бидат гости кај претседателот Мета, имаше обраќање, во кое ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden