На настанот одржан денеска во просториите на Универзитетот „Фан Ноли“ во албанскиот град Корча, беше презентиран завршетокот на проектот „Културното наследство на етничките и јазичните малцинства во Округот на Корча“. Во рамки на оваа активност беше претставена научната студија произлезена од проектот, посветена на македонското, влашкото, ромското и египќанското малцинство кои, како што беше констатирано, единствено реално живеат во овој округ. ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана побара од европратеникот Винце и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија
Македонското друштво “Илинден”-Тирана побара од Лорант Винце, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за Македонија во Европскиот парламент. Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво “Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија во Европскиот парламент, кој ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам
Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Македонска алијанса за европска интеграција. На сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам, со искрени желби за добро здравје, семејна радост, духовен мир и благосостојба. Нека деновите на празнување бидат исполнети со меѓусебна почит, солидарност и споделена радост со најблиските. Овој свет празник нe потсетува ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонската амбасада во Тирана
Македонската амбасада во Тирана, упати честитка по повод Курбан Бајрам, на сите верници од Исламската вероисповест по повод празникот Курбан Бајрам, им посакуваме овој свет ден да донесе мир, добрина и солидарност во секое срце и секој дом. Посакуваме овој празник да ги зајакне чувствата на љубов, почит и соживот меѓу луѓето. Среќен Курбан Бајрам! – стои во честитката на ...
Read More »Европскиот суд на правдата не предлага правни акти за иницијативата SafePack за малцинствата
Денска Европскиот суд на правдата ја донесе својата конечна одлука за иницијативата SafePack. Судот ја отфрли жалбата и уште еднаш ја потврди одлуката на Европската комисија да не предлага правни акти врз основа на Европската граѓанска иницијатива. МСПИ повика на заштита и промоција на културата и јазикот на автохтоните национални малцинства и јазични групи во Европа. Во име на иницијативата ...
Read More »Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир (ФОТО)
Во селото Шиjон, во Елбасан се прослави денот на Сввети Јован Владимир, каде што пред векови се верува дека започнала православната вера во овие области. Така секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Бладимир. Меѓу ...
Read More »Македонците од Мала Преспа им пркосат на предизвиците – македонштината, безработица, миграцијата, недопрената природа
Само неколку километри од македонската граница, распослани на брегот на Преспанското Езеро жителите од девет села со чисто македонско население во областа Мала Преспа, им пркосат на предизвиците на денешнината, сиромаштијата, миграцијата, борбата за опстанок. Со жар во очите велат „ние сме Македонци, Македонија ја носиме во срцето, таа е наша матична земја и среќни сме што Албанија ни дозволи ...
Read More »Во Пустец официјално се отвора летната туристичка сезона (ВИДЕО)
Седум години без Спасе Мазенковски големиот борец за правата на Македонците во Албанија
Поминаа седум година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden