Македонци – Албанија

Во Пустец одржан настан под мотото “Розите што зборуваат на јазикот на Европа”

Под мотото “Розите што зборуваат на јазикот на Европа” денеска во Пустец беше одржан настан во рамки на Европската недела. Општина Пустец во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” организираше едукативна и симболична активност: „Паркот на европските рози“, со финансиска поддршка од Европската Унија, спроведена преку проектот EU4GoodGovernance, објави општина Пустец на официјалната Фејсбук страница. Во дворот на ...

Read More »

Македонците во Албанија во Пустец го прославија празникот Вознесение Христово “Спасовден” (ФОТО)

Македонците во Пустец, Преспа го одбележаа празникот Вознесение Христово “Спасовден”. Во црквата, која се наоѓа во село Пустец, утринската свечена Божествена Литургија ја отслужи свештенкот Алексо Темелко, во врисуство на верници од Пустец. Нека е честит и за многу години ” Спасовден”.  

Read More »

Се одржа во Тирана првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства 

Под раководство на заменик министерот за внатрешни работи, Анди Махила, денеска се одржа првиот состанок на Комисијата за признавање на националните малцинства на кој учествуваа сите претставници на одредените институции, Комитетот за национални малцинства и претставници на граѓанското општество. На состнаок беше Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Ова е важен чекор за да се обезбеди ...

Read More »

Годишната средба во село Клење областа Голо Брдо ке се одржи на 01 јуни 2025

На 01 јуни 2025 со почеток во село Клење областа Голо Брдо ќе се одржи годишната средба кој сега стана традиција во прекрасно село Клење областа Голо Брдо Клења е прекрасно и фасцинантно место. Има широк спектар на историски, културни и природни добра, добро познато безбедно село, локалните жители се гостопримливи и многу пријателски расположени. На 01.06.2025 година организациската група како ...

Read More »

Етлева Будини од Драч снаа во Голо Брдо нова пратеничка на албанскиот парламент

Со 14 мандати во новото Собрание, округот Драч носи разновидна застапеност, со забележителни нови личности кои за првпат ќе седнат во Парламентот. Една од нив е Етлева Будини, сопруга на Боге Будини од село Клење, областа Голо Брдо која го обезбеди осмиот мандат на Социјалистичката партија во округот Драч. „Избрав да правам лична кампања, да се среќавам со луѓе на ...

Read More »

Македонците во Албанија го одбележаа 24 мај ден на светите Кирил и Методиј

Македонците во Албанија го одбележаа 24 мај ден на светите Кирил и Методиј сесловенските просветители, основоположници на словенската писменост и култура. Манифестацијата, организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, се одржа во музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, каде присутните оддадоа почит на големото дело на солунските браќа. ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 24 мaj, ден на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј 

По повод 24 мај, ден на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се. Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до новата Владата предводена од премиерот Еди Рама да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, на новата Владата предводена од премиерот Еди Рама му посакувa успех и исполнување на предизвици. Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од новата влада да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник се соочуват со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужува конкретна и континуирана поддршка од новата ...

Read More »

Конгресот на ФУЕН во 2025 ќе се одржи во Болзано, Јужен Тирол во северна Италија

Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2025 ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано во Јужен Тирол, Италија домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на ФУЕН. Оваа есен Болзано во Јужен Тирол ќе стане место за средба на европските малцинства, на 69-от годишен конгрес на ФУЕН во главниот град на автономната покраина Болцано – ...

Read More »