Македонци – Албанија

ФУЕН му ја честита 16-годишнината од формирањето на македонското друштво „Илинден“-Тирана и се заблагодари за наградата

По повод одбележувањето на 16-годишнината од формирањето, раководството на македонското друштво „Илинден“-Тирана доби честитки од асоцијации со кои има плодна соработка. Во повеќето честитки е и онаа на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), каде друштвото е полноправна членка од 16 мај 2015 година. Среќен роденден на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, организација членка на ФУЕН. Формирано е пред 16 години со ...

Read More »

16 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 16 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малциство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во овие ...

Read More »

Mакедонското друштво “Илинден”-Тирана побараа отворање на лекторат по македонски јазик во Корча

Во албанскиот град Корча ќе се отвора лекторат по македонски јазик откако претседателот на македонското друштво “Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај поднесе барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот на Универзитет Фан С. Ноли во Корча, Албанија. „Во името на македонското друштво “Илинден”- Тирана поднесов ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај освари средба со Министерот за дигитална трансформација, Андоновски

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај освари работна средба со Министерот за дигитална трансформација на Македонија г-дин Стефан Андоновски. На работната средба беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Mакедонското Национално Малцинство во Република Албанија. Министерот за дигитална трансформација г-дин Стефан Андоновски даде поддршка во рамки на надлежностите за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и за Mакедонско Национално Малцинство ...

Read More »

Ѓурѓај му подари вредни материјали на Државниот архив на Македонија каде ќе постои архивски фонд на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”- Тирана, Никола Ѓурѓај подари примероци од весникот „Илинден“ и други материјали на Државниот архив. – Два месеца од потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и нашето друштво започнавме конкретни активности за негова примена. Во тие рамки подаривме примероци од сите 65 изданија на весникот “Илинден“, од монографијата со народни носии на ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“ за патување во Македонија и Грција

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави одлуката на Албанското биро за осигурување, која стапи во сила вчера (1 февруари) и која им овозможува на албанските граѓани да патуваат во Црна Гора со осигурителната полиса „зелен картон“ со намален премиум од само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно. Според партијата, ова е значаен ...

Read More »

Голо Брдо – Македонскиот идентитет во срцето на Албанија

Голо Брдо е регион, кој со својата природна убавина, културно наследство и историја претставува значајно парче од мозаикот на македонскиот етнички идентитет во Албанија. Лоциранa југозападно од градот Дебар, оваа област опфаќа 21 село, кои претежно се населени со Македонци. Со векови, жителите на Голо Брдо го негуваат својотмајчин македонски јазик, обичаи и традиции, одржувајќи ја живата врска со своите ...

Read More »

Во Тирана, од 7 до 13 април ќе биде одржана „Недела на македонската култура“

Тоа благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на македонскиот КИЦ, Емилија Попивода и македонски активист Ендрит Фетаху, кои во изминатите денови имаа повеќе средби со албански претставници, од кои е добиена целосна поддршка. Целта на оваа многу значајна манифестација е промоција на македонската култура, туризам и економија. Меѓу многуте активности во познати објекти во Тирана, ...

Read More »

Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние ...

Read More »

Тирана да не подлегнува на бугарските притисоци за преименување на Македонците

Добро упатените во оваа проблематика велат дека употребата на деноминирачкиот термин „северномакедонци“ од страна на албанските институции за првпат се случи за време на последниот попис на населението, па оттука изјавата на албанската амбасадорка во Софија, Инид Мило, според експертите, „не е преседан, туку континуитет во албанската политика“. Оваа „доследност во употребата на терминот северномакедонци од страна на Тирана“, според ...

Read More »