Од 6 до 8 март 2025 година во главниот град на Република Македонија се одржа конференцијата на Федералната унија на европски националности (ФУEН) за Западен Балкан насловена „Пристапи за справување со говорот на омраза против малцинствата во Западен Балкан“. Организатор и домаќин на истата беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на ...
Read More »Македонци – Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 8-ми Март
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 8-ми март, Меѓународен ден на жената. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Read More »Mакедонскиот весник “Илинден“: Афирматор на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет во Република Албанија
Повод – четиринаесет години од постоење на македонскиот весник „Илинден“ На своите страници „Илинден“ разгледува повеќе теми од Република Албанија, Балканот и од светот, меѓутоа во сржта на неговата уредувачка политика се афирмацијата на македонскиот јазик и на македонските национални особености во Република Албанија и промовирањето на потребите на македонскиот народ што живее таму. Во ситуација кога официјална Софија преку ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија на Сали Бериша
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша. Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на ...
Read More »Порталот Македонски глас, нов портал на македонски јазик во Албанија
Со залагање на македонски активисти од општина Пустец, предводени од поранешниот градоначалник Едмонд Темелко и Панди Јани и финансиска поддршка од македонското МНР од неодамна во Албанија функционира порталот на македонски јазик „Македонски глас“. Група активисти аплициравме на објавениот повик на МНР за поддршка на проекти за Македонците во Албанија и во соработка со амбасадата во Тирана, со проект за ...
Read More »Четиринаесет години постоење на македонскиот весник “Илинден“
Пред точно четиринаесет години на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Македонскиот весник “Илинден” досега има испечатено 60 изданија. Изминативе четиринаесет години весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните ...
Read More »Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија освари средба со преставници на Македонците во Албанија
Македонската делегација предводено од Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Игор Здравковски и членот на Комисијата, Митко Трајчулески, учествуваа на Дваесет и првиот состанок на Регионалната конференцијата на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во Процесот за стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа (КОСАП). Конференцијата се одржа денеска во Собранието на Република Албанија во Тирана. Македонската делегација во Македонската ...
Read More »Комитетот за национални малцинства на Албанија објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо
Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, во кој членуваат по еден претставник на признатите малцинства, објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо. Преспа е регион кој низ вековите бил раскрсница на различни култури и традиции, но македонската народна носија од овој крај остана единствен белег на македонскиот народ, стои ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden