Македонци – Албанија

Екслузивно: Пали Колефски победник во општина Пустец

Според податоците на Централна изборна комисија во Пустец се пребројани гласачките кутии од вкупно 4.364 запишани избирачи, гласаа 2.145 избирачи. Од преброените гласови за градоначалник на општина Пустец, кандидатот Пали Колефски доби 1.184 гласа, а кандидатот Панди Јани доби 673 гласа. Преспа ќе продолжи да живее, жителите на Општина Пустец го избраа најдоброто. Драги мои прво да ви се заблагодарам ...

Read More »

Пелеши од Пустец: Горд сум што со нашиот сојузник МАЕИ со заеднички сили ќе ја трансформираме оваа општина на македонското малцинство

Горд сум и многу среќен што ние заедно со нашите сојузници, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), имаме консолидирано една долгорочна и стабилна алијанса која несомнено го даде овој резултат. Втор мандат за Пали Колефски, што е и заслужено, рече меѓу другото албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во Пустец. Пелеши кој беше и координатор за локалните избори на владејачката ...

Read More »

Македонците сами го уредија патот Стеблево-Клење областа Голо Брдо

Македонците од селото Клење област Голо Брдо деновиве самоиницијативно реализираа активност за уредување на патот што го поврзува со село Стеблево, кој бил во многу лоша состојба. Сега, драги политичари можете да дојдете да го побарате гласот! Момчиња од Клење во припомош со две момчиња од Стеблево завршија колосална работа со пополнување на многуте ударни дупки и попесочување на патниот ...

Read More »

Во општина Пустец двајца кандидати за градоначалник, 97 за 15 членови во општинскиот совет

Во општина Пустец, Мала Преспа, населена 100 отсто со Македонци, како и во останатите 60 општини во Албанија, утре жителите избираат нова локална власт. Во трката за градоначалничката функција во Пустец се двајца, додека за 15-те места во општинскиот совет 97 кандидати, сите Македонци, предложени од повеќе политички партии. Довербата за прв човек на општината по вторпат ја бара актуелниот ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со сопствена листа во Пустец, во други општини нејзини кандидати на листите на СП

Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ на неделните локални избори своја советничка листа има само во Пустец, а во други градови нејзини кандидати се на листите на владејачката Социјалистичка партија. Во општина Пустец настапуваме со наша кандидатска листа за 15-члениот општински совет. Носител на листата е Таќо Гроздани, генерален секретар на Партијата. Во други општини, меѓу кои Тирана, Корча, Подградец, ...

Read More »

Пелеши: Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции

Во Преспа  живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши од изборниот собир одржан во селото Туминец. Пелеши, кој е координатор за ...

Read More »

Кандидатот за градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Панди Јани оствари средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецaков

Кандидатот за градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Панди Јани, денеска оствари средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецaков. Средба со мојот пријател Панди Јани, кандидат за градоначалник на општина Пустец, Албанија. Сакам да ја изразам мојата поддршка и желби за успех на претстојните локални избори во Албанија, објави Пецаков на Фејсбук. За средбата објави и Јани кој изрази голема ...

Read More »

Средба Марковски – Румбулаку: 24-часовно функционирање на граничниот премин Требиште – Џепиште, областа Голо Брдо

Генералниот директор на албанската полиција Мухамет Румбулаку денеска беше домаќин на амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Данчо Марковски, информираа од кабинетот на Румбулаку. Двајцата соговорници високо ја оцениле добрата соработка меѓу полициите на двете земји и изразиле подготвеност за проширување на соработката во иднина. На средбата беше договорено во текот на летната туристичка сезона да има заеднички патроли во ...

Read More »

Кон врутокот на македонските народни зборови

Македонскиот јазик до петтата деценија од XX век, кога е извршена кодификацијата на современиот македонски јазик, опстојувал, главно, на дијалектно рамниште, развивајќи се спонтано на сите јазични нивоа, а, особено, на лексичко поле. Оттука, помеѓу другото, се јавуваат многу дијалектни лексички разновидности, коишто со својата изворност го откриваат творечкиот потенцијал на народниот гениј на јазичен план. Своевиден чувар на македонскиот ...

Read More »

Стерјовски на ОБСЕ/ОДИХР им кажа за бугарската политика на асимилација на Македонците во Албанија

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски денеска во Корча остварил средба со Марион Џоуанет и Филипо Ристолдо, претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, за локалните избори кои ги запознал со „разните методи и притисоци што последните години Бугарија како членка на ЕУ ги врши за асимилација на Македонците во Албанија”. На ...

Read More »