Македонци – Балкан

Европска слободна алијанса изрази загриженост за состојбата со демократските права и малцинствата во Бугарија во пресрет на изборите

Foto:European Free Alliance Европска слободна алијанса (ЕФА) повторно изрази загриженост за состојбата со демократските права и малцинствата во Бугарија во пресрет на изборите. Во своите реакции, ЕФА укажува дека партијата ОМО “Илинден”‘-Пирин, која е нејзина членка, се соочува со долготрајни институционални пречки и неможност за регистрација. Според нив, ова отвора сериозни прашања за политичкиот плурализам и правото на здружување. Организацијата ...

Read More »

Стојков: Одлуката на ОН е шанса за пресврт во односот на Бугарија кон Македонците

Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците. Одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги крши правата на здружување на малцинствата е ветер во грб за претставниците на македонците кои со децении бијат битка против бугарската политика. Претседателот на невладината организација „Толерантност“ Стојко Стојков во изјава за Алфа вели ...

Read More »

Стразбур: Бугарија со години не ги спроведува пресудите за Македонците

Бугарија сè уште не спровела најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правата на Македонците во оваа земја, што отвора сериозни прашања за почитувањето на основните човекови права и европските стандарди. Станува збор за пресуди кои најчесто се поврзани со забрана за регистрација на здруженија, ограничување на слободата на здружување и негирање на правото ...

Read More »

Бугарија има три месеци рок да му исплати оштета на историчар, етнички Македонец бидејќи не му дозволилe да регистира организација

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на етнички Македонец и да ја преиспита одлуката со која е одбиена регистрација на македонска организација. Во своите ставови, Комитетот заклучил дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на подносителот на жалбата, кој бил коосновач на непрофитна организација за ...

Read More »

ОМО „Илинден“ – Пирин: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци, утврди ОН

Комитетот за човекови права на Обединетите нации оцени дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на етничките Македонци за заштита на нивните права, објави на социјалните мрежи ОМО „Илинден“ – Пирин. Според објавата, станува збор за невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност“, која поднела барање за регистрација согласно законските процедури, но добила негативна одлука без детално ...

Read More »

ОМО “Илинден”-Пирин: Поддршка за адвокатот Тони Менкиноски

Организацијата ОМО “Илинден”-Пирин изрази јавна поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, оценувајќи дека забраната која му е изречена нема правна основа, туку претставува етнички мотивирана одлука. Од организацијата наведуваат дека ваквата постапка, според нив, е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија. „Забраната против адвокатот Тони Менкиноски не е со правна позадина ...

Read More »

Парадоксот на (не)признавањето на Македонците во Бугарија

Парадоксот е јасен и болен: Македонците во Бугарија со децении не смеат да се регистрираат, нивните здруженија се третираат како закана за „единството на нацијата“, а нивното право на самоорганизација се задушува со правни формули и судски одлуки. Во исто време, Македонија е ставена под притисок да го отвори својот устав и да ги внесе Бугарите како конститутивен народ – чин што ...

Read More »

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата на Стратегијата за работа на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија за периодот 2026–2031 година. На настанот, што се одржа синоќа во Нови Сад, во годината кога се одбележуваат 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов имаше пригодно обраќање во кое ...

Read More »

Во Хрватска отворено ново училиште во кое ќе се изучува предметот Македонски јазик и култура

Во градот Света Недела кој се наоѓа во непосредна близина на Самобор свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата за отворање на ова училиште  беше граѓанска, а иницијатор е професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која веќе го предава истиот предмет  во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво ...

Read More »

Демократија во Бугарија: Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор

Окружниот суд во Благоевград го одби Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор Окружниот суд во Благоевград денеска ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, поднесено на 20 јануари годинава. Судот се повика на уставни и правни аргументи, оценувајќи дел од целите ...

Read More »