Македонци – Балкан

Реакција на Македонските организации во Бугарија на ставот на БАН за македонскиот јазик

Политиката на Бугарија во однос на Македонија го прави соседството практично невозможно и покрај добрата волја на македонската страна и на поединечните бугарски јавни личности, се вели во реакцијата на македонските организации во Бугарија по повод последната провокација на Бугарската академина на науките (БАН) против македонскиот јазик. Македонскиот е меѓународно признат национален и државен јазик, прифатен од целата светска наука ...

Read More »

Хјуман рајтс воч: БиХ ги прекршува правата на националните малциства

Политичарите во Босна и Херцеговина сe уште не го укинале статусот на граѓани од втор ред за Евреите, Ромите и другите малцински групи, една деценија по одлуката на Европскиот суд за човекови права со која е утврдено дека Уставот на БиХ ги прекршува нивните права, соопшти организацијата Хјуман рајтс воч (ХРВ). По оваа одлука, судот пресуди во уште три предмети ...

Read More »

Расте борој на ученици во Словенија кои учат македонскиот јазик

Расте борој на ученици во Словенија кои сакаат во основните училишта факултативно да го учат македонскиот јазик. Ако лани беа десетина, оваа година бројот на пријавени деца е зголемен, па во овој момент 56 основци од седум градови во Словенија го учат македонскиот јазик, јави дописникот на МИА од Љубљана. Најголем дел тоа се деца на нашинци кои живеат и ...

Read More »

Македонците во Белград ги одбележаа Св. Климент Охридски и Деновите на македонската култура

Во рамките на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски и на Деновите на македонската култура во Србија, НИУ „Македонски информативни и издавачки центар“ од Панчево и Книжевното друштво од Раковица, во  Галеријата на Центарот за култура во Раковица во Белград одржаа „Книжевната средба помеѓу македонските писатели од Србија и нивните пријатели – српските писатели“. На средбата со читање и презентација ...

Read More »

Одбележен 8 декември “Ден на Македонскиот јазик во Романија“

Претседателот на Романија со декрет го прогласи 8-ми декември за “Ден на Македонскиот јазик во Романија“. По овој повод, Македонската заедница во Романија го одбележа празникот со културна манифестација. Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и ...

Read More »

Бугарскиот Хелсиншки комитет: Положбата на малцинствата во Бугарија е катастрофална

На Алфа телевизија вечерва во емисијата „Уредниците на Алфа” за малцинствата и човековите права во Бугарија говореше Красимир К’нев претседателот на Бугарскиот Хелсиншки комитет и истакна дека тие се влошени откако ВМРО е дел од владеачкото мнозинство во Бугарскиот парламент. За прв пат во бугарската историја Бугарското ВМРО, односно Џамбаски, побара да се укине Бугарскиот Хелсиншки комитет. Формалниот повод е ...

Read More »

Македонскиот амбасадор во Србија ги посети Македонците во Краљево

Вршителот на должност амбасадор на Македонија во Србија, г. Александар Поповски и претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија г.Борче Величковски и претседателката на македонското здружение „Кирил Пејчиновиќ“, г-ѓа Марија Продановиќ денес остварија средба со градоначалникот на Краљево д-р Предраг Терзиќ и со г.Сретен Јовановиќ, помошник на градоначалникот задолжен за културни манифестации и соработка со партнерските градови. Како што ...

Read More »

Македонците од Моравичкиот округ во Србија го прославија 10-годишниот јубилеј

Здружението на Македонците од Моравичкиот округ во Србија во саботата, на 30. ноември во Горњи Милановац го прославија својот десетгодишен јубилеј од основањето и активната работа на здружението. Македонската вечер ја отвори г. Славе Груевски, претседател на здружението кој упати благодарност до сите присутни за нивниот децениски придонес во активностите на здружението и негувањето на македонскиот јазик и култура. За ...

Read More »

Културното здружение “Македонец” од Марина, Егејска Македонија традиционално организира Божиќна прослава

Културното здружение Македонец од Марина, Егејска Македонија на 25 декември 2019 година, среда, ја организира традиционалната Божиќна прослава. Прославата ќе се одржи во ресторанот Μегаро на 25 декември од 21.00 часот. Присутните ќе ги забавува оркестарот Македонски мерак. Влезницата е 16 евра со полно мени. Местата не се ограничени. Резервации се вршат на телефон 6979706660.

Read More »