Македонци – Балкан

Положбата на Македонско-Горанската заедница во Косово

Областа Гора е регион поделен меѓу политичките граници на Албанија, Македонија и Косово. Во областа Гора живеат околу 40.000 етнички Македонци и тоа во 20 села на Косово: Рестелица, Глобочица, Крушево, Зли Поток, Брод, Бачка, Млике, Враништа, Орчуша, Мал Крстец, Голем Крстец, Диканце, Љубоиште, Лештане, Горна Радеша, Долна Радеша, Кукаљане, Горна Рапча, Долна Рапча (со општински центар во Драгаш),  9 ...

Read More »

Македонците во Овчарани, Егејска, Македонија го прославија Илинден (ВИДЕО)

И годинава на 19 и 20 јули во македонското село Овчарани, леринско, се одржа традиционалната Илинденска средба на Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Неколку илјади Македонци од сите делови на Македонија го прославија македонскиот национален и верски празник Илинден со македонски ора и песни. Голем број Македонци од Албанија присуствуваа на прославата како и Македонци иселеници од прекуокеанските земји, ...

Read More »

Преминот Стрезимир-Рестилица значен за Македонците во Гора отворен за минување до 20 август  

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница, од утре па до 20 август ќе биде пуштен во употреба за граѓаните од двете земји, информираа од локалната власт на општина Маврово и Ростуше. Преминот ќе биде отворен секој ден од 08:00 до 22:00 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или ...

Read More »

Деца Македонци од Националниот совет на Македонците во Република Србија во посета на библиотеката во Охрид

Вчера во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше мала делегација од тројца учесници  на Летен камп наменет за деца со македонско потекло придружувани од Ивана Цветковиќ од Лесковац. Цветковиќ е една од најактивните членки на Националниот совет на Македонците во Република Србија. Во библиотеката беа примени и разговараа со директорката Гордана Змејковска. Накусо гостите беа запознати со ...

Read More »

Национаниот совет на Македонците во Србија ги повикува сите Македонци својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените

Од почетокот на годината припадниците на националните малцинства имаат можност својата национална припадност да ја запишат во матичната книна на родените. Тоа им го овозможија Измените и дополненијата на Законот за матичните книги. Уписот на податоците е доброволен, а покрај националната припадност оние кои сакаат ќе можат во матичната книга на родените да упишат и промена на полот. Единствена база ...

Read More »

Егејска Македонија: Само панаѓурите ни останаа, сѐ друго ни зедоа! (ФОТО+ВИДЕО)

Исток нѐ отпиша, Запад не нѐ запишуе! Ова е една од репликите од филмот „Среќна нова ’49“, со која еднакво добро може да се опишат чувствата на Македонците во Грција. Ако Исток и Запад ги замените со Атина и Скопје. Досега можеби и имавме некаква надеж во Македонија, во Скопје, но по Преспанскиот договор Заев и Димитров си го кажаа ...

Read More »

Македонците и дале на Бугарија осум министри и дваесет дипломати

Само пророците можат да знаат дали Бугарија ќе ја присоедини Македонија, или Македонија ќе ја присоедини Бугарија, вели Максим Горки. Божидар Татарчев забележува дека во Бугарија има 200.000 Македонци кои ќе се врателе во својата земја доколу имала подобра управа, и тие ќе ја направеле Македонија напредна и богата. Според анкетата на македонските братства објавена во 1918 година, македонската емиграција ...

Read More »

Стојко Стојков претседател на партијата на Македонците Омо „Илинден“ – Пирин: Политика без срце и ум

  Македонски полноќници Едно од прашањата што долго ме имаат измачувано и како Македонец од Пиринска Македонија, и како активист во движењето за права на Македонците во Бугарија е зошто сите земји на Балканот се грижат за своите малцинства надвор од нивните граници, а само Македонија – не! Дали е тоа некоја нејзина уникатна државничка карактеристика? Од каде извира ова ...

Read More »

Собаниска делегција на Македонија: Побарано признавање на македонската заедница на Косово

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, оствари средба со Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово и со членовите на истата комисија. Дел од собраниската делегација беа пратениците Сашко Атанасов, Трајчо Димков, Панчо ...

Read More »