Македонци – Балкан

Скандал: Вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов забранува активности на македонско национално малцинство во Бугарија

  Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов сигнализираше до јавниот правобранител Сотир Цацаров за обидите за создавање македонско национално малцинство во Бугарија, според прес-центарот на ВМРО чиј лидер е тој. Според најавата, опасната активност ја спроведуваат две невладини организации, регистрирани во Благоевград, кои во своите статути имаа цели и задачи слични на забранетата партија ОМО “Илинден”-Пирин. Меѓу основачите на ...

Read More »

Тоше Проески добива улица во селото Јабука каде живееат најмногу Македонци во Србија

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево. А со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник. Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе ...

Read More »

ЕФА повикува на почитување и признавање на македонското малцинство во Бугарија

Европската слободна алијанса ја повикува бугарската влада, како и локалните и регионалните власти да обезбедат почитување и признавање за македонското национално малцинство во земјата. Наводните прекршувања на основните права и зголемувањето на случаите при употреба на говор на омраза и заплашувања против оваа заедница мора да бидат решени. ЕФА исто така ја потсетува Европската комисија за својата должност да обезбеди ...

Read More »

Здружението „Вардар“-Ниш амбасадор на македонската култура во Србија

Македонската заедница во Ниш, Србија, годинава ја одбележува 17-годишнината од своето постоење. Најголем амбасадор на македонската култура во Ниш е Здружението „Вардар“, кое годинава шести пат ги организира „Деновите на македонската култура”. Благоја Илиевски, кој е еден од иницијаторите да се основа македонско здружение во вториот по големина град во Србија, вели дека според последниот попис во Ниш се претпоставува ...

Read More »

Скандал: Полицијата влезе во домовите на членовите на новото македонско друштво во Бугарија

Сите основачи на новото Граѓанско друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија, кое главно се занимава со правата на македонското малцинство во оваа земја, вчера биле посетени од бугарската полиција, по налог од обвинителството, и биле распрашувани за работата на ова здружение. Ова вчера се случуувало во Благоевград и во селото Черниче. Здружението било регистрирано во бугарскиот ...

Read More »

Воскопулос: Драга Грцијо, ако немаш македонско малцинство, зошто бараш Македонија да го промени баш тој член од Уставот

Нели тоа што Грција бара од Македонија да го промени баш овој член од Уставот, за Македонците во соседните земји, е еден вид признавање на постоењето на малцинство? Ако немате такво малцинство, нема да барате таква промена, вели Воскопулос, со кого разговаравме на конгресот на македонската партија Виножито, викендов во Горно Врбени, Леринско. Поддршката за Преспанскиот договор од Павле Филипов ...

Read More »

Mакедонците од Воден бараат од општината простор за изучување на македонскиот јазик

Од општината Воден, Егејска Македонија бараме училишен простор за учење на македонскиот јазик, за организирање на часови за македонскиот јазик, велат од „Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик Крсте Мисирков”. Седиштето на ова здружение е во С’ботско, каде со многу потешкотии се организираат часови по македонски јазик. Ако не добиеме одговор од општинските власти во Воден, тогаш некако ќе ...

Read More »

Земјотрес во село Драгаш областа Гора 

  Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер се случи утрово во областа Гора. Според специјализираниот инситут за земјотреси, се соопштува дека потресите биле почувствувани во регионот Драгаш, областа Гора пренесува Клан Косово. Земјотресот беше почувствуван и во Скопје, Македонија. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати ...

Read More »

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во посета на црквата на МПЦ во Загреб

  Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во канонска посета на Европската епархија и ја посетил градбата на црквата на МПЦ-ОА Света Злата Мегленска во Загреб. Заедно со него биле и загребачкиот градоначалник Милан Бандиќ и хрватскиот кардинал Јосип Божаниќ. Веста е објавена на официјалниот сајт на градот Загреб. Во придружба на Поглаварот на Македонската православна ...

Read More »

Во Осиек ќе се одржи културна манифестација “Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“

Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, на 26 октомври 2019 година во 17.30 часот во Домот на Хрватската војска во Осиек, ќе се одржи традиционалната културна манифестација “Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“. На манифестацијата ќе настапат МКД “Илинден“ од Риека, МКД “Билјана“ од Задар, МКД “Македонија“ од Сплит, МКД “Охридски бисер“ од Загреб, МКД ...

Read More »