Македонци – Свет

Македонската дијаспора од Англија покрена хуманитарна акција за татковината Македонија

Македонската дијаспора од Англија, покрена акција за собирање на парични средства за купување на храна за социјално ранливите граѓани и еднородителските семејства во Македонија, наречена „Со љубов за Македонија“. Розетка Ремак, која повеќе од 25 години живее во Лондон, отвори страна за собирање на средствата, со надеж дека ќе собере 3000 фунти за храна и пакетчиња за своите сограѓани во Македонија, ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права: Денот на човековите права на ОН е празник на дволичноста 

„Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“. Освен ако се Македонци. На секој 10 декември Обединетите Нации го слават “Денот на човековите права”, и притоа ја обновуваат својата посветеност на првиот член од Универзалната Декларација на Човековите Права. Но, во исто време, ОН со полна пареа работи на бришење на мојот народ. Во изминатите три декади, ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права: Македонија е во опасност време е да си помогнеме

Сите ние помагаме кога некој е во опасност. Сите помагаме кога некој е во неволја. Но што ако еден цел народ е во опасност? Другите заедници си помагаат бргу и без збор. Но дали Македонците го прават тоа? За жал, ние не си помагаме ни приближно колку што е потребно. ММДЧП е поинаква организација. Ние веќе 30 години сме во ...

Read More »

Ана Дукоска, Македонка од САД повикува на обединување (ВИДЕО)

Ана Дукоска, координаторка на глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“, преку видео обраќање од САД повика за семакедонско обединување против „продавањето на македонската историја и јазик на Бугарија“. Јас сум Ана Дукоска, Македонка, дел од македонскиот народ од којшто власта црпи легитимитет во нормално демократско општество. Како Македонка, јасно и гласно, недвосмислено, се изјаснувам против продавањето на македонската историја и ...

Read More »

Меѓународна истражувачка група ипонуди подршка на Македонија (ВИДЕО)

Етничка Политика, истражувачка платформа која нуди теоретски и политички релевантни истражувања за етнички прашања низ целиот свет, им понуди поддршка на Македонците за да се претстави принудното преименување на земјата пред светот. Во изјава за Македонското меѓународно движење за човекови права, основачот на Етничка Политика Ахмед ал-Саиди рече: “Како што на Македонците им беше наметнувано менувањето на името, така растеа ...

Read More »

Колумна на Бил Николов: Бајден ќе ја направи америка повтрон “Нормална”

Доколку Трамп и неговите овозможувачи не го спречат, Џо Бајден ќе стане претседател и ќе ја Направи Америка Повторно Нормална – за Америка. Светот ќе продолжи да страда. Но не само поради Трамп и неговите политики туку уште повеќе опкрај нив. Двете американски политички партии веќе со децении прават ршум на светската сцена, а Џо Бајден беше во центарот на ...

Read More »

Координативното тело на Македонците во светот: Прекинување на преговорите и поништување на договорот со Бугарија

Како реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања. Секоја негација на македонскиот јазик, историја и идентитет од страна на соседите повлекува морална, национална и лична одговорност на Македонецот во одбраната на истите. Македонците во ...

Read More »