Трговците од македонскиот пазар во Kорча денеска реагираа против контролите и казните што ги изрече Општината поради непочитување на новите правила за поставување на тендите во пазарот. На терен излегоа инспектори и припадници на општинската полиција, кои изрекоа административни мерки за трговците што не ја спровеле наредбата за отстранување или усогласување на тендите. Трговците изразија револт, наведувајќи дека казните од 50 ...
Read More »Македонци
Централен Совет на Македонците во Германија со честитка до Македонско друштво “Илинден“-Тирана за 11 години членство во ФУЕН
Централниот Совет на Македонците во Германија упатува искрени честитки до нашата партнерска организација Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод 11 години рамноправно членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во изминатите единаесет години, Македонското друштво “Илинден“-Тирана покажа доследна, одговорна и принципиелна борба за заштита на правата, идентитетот, јазикот, културата и традициите на Македонците во Република Албанија. Со своето активно учество ...
Read More »Се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2026 година”
Фото: Facebook /Paris Karepi Традиционалниот турнир во борење „Голо Брдо 2026“ денеска се одржа во селото Острени, во областа Голо Брдо, собирајќи голем број спортисти, љубители на борењето и гости од повеќе земји од регионот. Настанот беше организиран со поддршка на Албанската федерација за борење и Општина Булќиза, во соработка со Здружението за борење „Голо Брдо“. Манифестацијата помина во свечена ...
Read More »Стерјовски се сретна со албански народен правобранител
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија. Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните малцинства во Албанија, заедно со ...
Read More »Кирилицата, едно изворедно наслество од Македонија до целиот свет
Пред неколку години, за време на мојата посета за историски истражувачки цели, како и во потрага по инспирација за пишување на мојот нов роман од тоа време („Островот меѓу водите“) на областите на денешна Словачка, од Братислава до Дунајска Стреда на самата границата со Унгарија, по течението на вистински синиот Дунав, меѓу словенските и унгарските културни траги (и малку германски), ...
Read More »Централниот Совет на Македонците во Германија поднесе жалба против Бугарија пред Европската комисија во Брисел
Централниот Совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин денес поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на преговорите за пристапување на Република Македонија. За Централниот Совет на Македонците во Германија Централниот Совет на Македонците во Германија е регистрирано здружение според германското право ...
Read More »Трговците од македонскиот пазар во Корча бараат укинување на спорниот проект од општина Корча (ВИДЕО)
Трговците од македонскиот пазар во Корча повторно протестираа пред градското собрание, спротивставувајќи се на одлуката за поставување нови униформни шатори, проект за кој велат дека е финансиски недостапен. Ова е втор протест во рок од еден месец за трговците, кои велат дека постојано се соочуваат со контрадикторни наредби и барања од Општината и Општинската полиција. Трговците велат дека одлуките постојано ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција. Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во ...
Read More »Македонците од Грција 7 години чекаат на одговор од вселенскиот патријарх на барањето за богослужби на македонски јазик
Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите ...
Read More »Делегација на Македонската алијанса за европска интеграција им се поклони на борците од селото Туминец
Делегација на Македонската алијанса за европска интеграција им се поклони на борците од селото Туминец Денеска делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со длабока почит им се поклони на борците од селото Туминец, хероите од Илинденскиот период и од Народноослободителната борба во Втората светска војна, кои со неизмерна пожртвуваност и љубов кон својот народ се бореа за слободата ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden