Македонци

МАЕИ: Македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија

Во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, порачува дека „македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија”. Честитајќи го денот од МАЕИ додаваат дека преземајќи активности за заштита на мајчините јазици, можеме да обезбедиме секоја култура да не го изгуби ...

Read More »

Не е страшно што не нè слушаат, страшно е што нè претставуваат погрешно

Македонската заедница во Албанија да ја претстават како „проблем“!? Но таа, се разбира, не е тоа! Таа е живо културно ткиво на Балканот, дел од историската меморија и современата реалност на регионот. Таа заедница носи со себе јазик, традиции, песни и обичаи што се дел од богатството на целиот Балкан, а не пречка за неговата иднина. Безобѕирните напади врз нејзините ...

Read More »

Вистината за Македонците во Албанија паника кај бугарите

Ф0то: Илинден во Требиште областа Голо Брдо Бугарската пропаганда во Албанија за асимилирање на Македонците и измислување на т.н. Бугари во областите каде живеат Македонци во Албанија може да успее само доколку сите Македонци се продадат за грст златници подарени од бугарските изроди. Македонците живеат и ќе живеат во областите каде со векови живееле во Преспа, Голо Брдо, Гора и ...

Read More »

Македонски клуб „Илинден“ од Латцен-Хановер свечено го отвори училиштето на македонски јазик

Фото: Македонски весник “Илинден” Македонски клуб „Илинден“ во Латцен-Хановер, Сојузна Република Германија официјално го отвори училиштето на македонски јазик, наменето за децата од македонската дијаспора. Овој значаен проект има за цел зачувување, негување и пренесување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет на помладите генерации кои растат надвор од татковината Македонија, истакна претседателот на клубот, Живко Лазаров. Наставата во училиштето ...

Read More »

Тивкото иселување на Македонците од Голо Брдо село Требиште од 700 на 130 семејства

Административната единица Требиште, дел од општина Булќиза во областа Голо Брдо, некогаш претставувала силна и бројна со околу 700 семејства, по масовното иселување што започнало по 1990-тите години. Жителите што сè уште живеат таму велат дека причините за иселувањето се бројни и долготрајни. Меѓу главните проблеми ги наведуваат: Лошата патна инфраструктура Неодржуваните канали за наводнување Недостигот и наплатата на вода ...

Read More »

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата на Стратегијата за работа на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија за периодот 2026–2031 година. На настанот, што се одржа синоќа во Нови Сад, во годината кога се одбележуваат 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов имаше пригодно обраќање во кое ...

Read More »

Во Хрватска отворено ново училиште во кое ќе се изучува предметот Македонски јазик и култура

Во градот Света Недела кој се наоѓа во непосредна близина на Самобор свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата за отворање на ова училиште  беше граѓанска, а иницијатор е професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која веќе го предава истиот предмет  во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво ...

Read More »

Демократија во Бугарија: Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор

Окружниот суд во Благоевград го одби Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор Окружниот суд во Благоевград денеска ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација за одбивање на барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор, поднесено на 20 јануари годинава. Судот се повика на уставни и правни аргументи, оценувајќи дел од целите ...

Read More »

Две години без Фоте Никола – гласот на Македонците во Албанија – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија

Поминаа две година без Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија. Фоте Никола се роди на 4-ти март 1946 година во село Шулин, областа на Мала Преспа. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио „Корча“, од самиот нејзин почеток во 1991 година. Од 2005 до 2014 година, Фоте беше член ...

Read More »