Македонци

Стерјовски: Македонците во Албанија бараат продолжување на Пописот на население

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати ...

Read More »

Изложба “Македонците во Албанија, идентитет, традиција, култура” (ФОТО)

Во Штип се одржа изложба насловена “Македонците во Албанија, идентитет, традиција, култура”. Изложбата содржеше документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија. Изложбата беше подготвена од Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Пригодно обраќање при отворањето на изложбата имаа Васил ...

Read More »

Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, отсега достапна и онлајн

Брошуратa што работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН во средината на минатиот месец првпат  ја отпечати на македонски јазик, сега е достапна и онлајн. За нас тоа е од посебно значење бидејќи сега брошурата е достапна до многу поголем број заинтересирани лица. Содржи информации за 28 малцинства во Европа, меѓу кои се наоѓаат и информации за Македонците во Република ...

Read More »

Кон крајот на реставрацијата на трите икони на познатиот Македонски зограф Дичо Зограф се чуват во Национален историски музеј во Тиранa (ФОТО)

Кон крајот на реставрацијата на трите икони, „Свети Атанаси“ реализирана во 1855 година, „Свети Хараламби“ реализирана во 1855 година и „Свети Никола“ реализирана во 1859 година. Трите икони се дел од фондот на Националниот историски музеј во Тирана фондот на Дичо Зограф. Специјалисти од Секторот за уметнички дела при Националниот институт за културно наследство ја продолжуваат работата за завршување на ...

Read More »

ИНСТАТ го одби барањето на МАЕИ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис

Институтот за статистика (ИНСТАТ) го одби барањето на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа каде што живеат Македонци. „Добивме негативен одговор на барањето, со образложение дека продолжувањето на пописот на населението и домаќинствата важи само за планинските населени места и оние погодени од ...

Read More »

Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици

Албанската влада го донесе Предлог- законот за амнестија, со кој придобивка ќе имаат 570 осуденици. Исто така, согласно Предлог-законот, престанува кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години. Според предлог-законот, затворските ќелии ќе ги напуштат мажите кои се осудени на казна затвор до три години и жените кои се осудени на ...

Read More »

Спахо: Македонската заедница во Албанија е драгоцено богатство

Педагошкиот факултет од Корча, во соработка со Македонското друштво Сонце, во просториите на Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, општина Пустец, одржа трибина на тема „Свет меѓу две култури – Стерјо Спасе и важноста на неговото книжевно дело“. Во своето излагање, деканката на Филолошкиот факултет Јонела Спахо ја истакна важноста на проектот фокусирајќи се на спецификите  на творечкиот опус на ...

Read More »

Колумна на Бил Николов: Канадската дволичност и отвореното промовирање на нацизмот

Што е првата мисла што ви дојде на ум додека пратениците во канадскиот Парламент му дадоа стоечка овација на украински нацистички ветеран од Втората светска војна (настан кој е резултат на канадската доброволна слепа послушност во спроведување на американската надворешна политика). Можевте ли да помислите вакво нешто да се случи во канадскиот Парламент? Доколку ја следевте канадската политика во изминатите ...

Read More »

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски обичаи и култура, како и кон зачувување на македонскиот јазик. Конкретно, споменатото здружение организира бесплатен курс по македонски јазик, кој започна во јануари 2023 година под менторство на г. Ќамуран Арслановски. Речиси сите ученици потекнуваат од ...

Read More »

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски потпиша договор со Јапонскиот амбасадор, Такада Митсуки 

Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски на 01.11.2023 година во просторите на Јапонската амбасада во Тирана  потпиша договор со амбасадорот Такада Митсуки за набавка на машина „Багер“ кое ќе и служи на општина Пустец за потребите на Македонците во областа Мала Преспа. Градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски му се заблагодари на Јапонскиот амбасадорот Такада Митсуки и јапонскиот народ за ...

Read More »