Македонија

Македонија: Бројот на заразени 711, излекуван 41 пациент, починати 32 лица

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти – двајца од Тетово и еден од Куманово, а два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекувал во домашни услови. „Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при ...

Read More »

Православните верници го слават Света Лидија Македонска

Света Лидија Македонска е камен темелник на Црквата во Филипи. Во 31 година пред Христа, градот Филипи станал римска колонија, од страна на императорот август Октавија кој кон името на градот додал дека е негова колонија. За да го засили римското влијание во Македонија, тој таму преселил многу значајни граѓани од Италија и во Филипи поставил римски гарнизон и на ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 663, излекуван 37 пациент, починати 30 лица

Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица. Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1 Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Досега во земјата ...

Read More »

Македонија: ЕУРО-ФАРМ донира 50 болнички кревети за Инфективна клиника

ЕУРО-ФАРМ донира 50 болнички кревети за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар ,,Мајка Тереза. Договорот за набавката е потпишана денеск и следи по низата од помали донации изминатиов период од страна на компанијата, од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во земјата. Воедно ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 617, излекуван 35 пациент, починати 29 лица

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата ...

Read More »

Пристигна медицинска помош од Турција за Македонија (ВИДЕО)

Денес, врз основа на потпишаниот договор со Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор на Македонија, на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна помошта која се состои од 50 000 заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови. Донацијата беше предадена на министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, ...

Read More »

Земјотрес почувствуван во југозападна Македонија, епицентарот во Албанија

Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почуствуван од населението во југозападните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот, како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 06:30 часот, на 155 километри југозападно од Скопје во соседна ...

Read More »

Британската амбасада во Македонија донира опрема за АРМ за борба против короната

Британската Амбасада во Македонија донираше опрема за АРМ за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици. Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата ...

Read More »

Македонија: Бројот на заразени 599, излекуван 30 пациент, починати 26 лица

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни ...

Read More »

СМК ја отфрла работата на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја отфрла работата на македонско-грчкиот Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања формиран врз основа на членот 8 точка 5 од Спогодбата Димитров-Коѕиас, во состав Маркос Боларис, Спиридон Сфетас, Николаос Заикос, Иаковос Михаилидис, Атина Скуларики, Атанасиос Лубас и Ефтимиос Харлавтис како претставници на Алексис Ципрас и Виктор Габер, Далибор Јовановски, Никос Чаусидис, ...

Read More »