Македонија

Македонија: Министерството за енергетика воведува дронови и дигитален систем за напреден надзор

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. На овој начин, Министерството ...

Read More »

Коњановски на самит во Париз: Битола дел од глобалната борба против антисемитизмот

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, беа дел од Самитот на градоначалници против антисемитизмот, кој се одржа во Париз. Самитот, со кој претседаваше градоначалничката на Париз Ан Идалго, ги обедини градските лидери, креаторите на политики и претставниците на заедниците, во нивната заедничка мисија за активно спречување и сузбивање на антисемитизмот во сите негови форми. ...

Read More »

Гордана Јанкулоска: Повредите во судството не смее да останат без одговорност

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот профил на Фејсбук. „Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордaна Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Претседателката на Македонија, Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упатува честитка до сограѓаните Албанци, во која, како што се вели, со особена почит го честита 22 Ноември – празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. -Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот ...

Read More »

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање ...

Read More »

Проданоски: Работниците на „Комуналец“ се хероите кои го разубавуваат Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, утрово ги посети екипите на ЈКП „Комуналец“ кои интензивно работат на уредување на просторот и парковските површини во централното градско подрачје. Тој им упати искрена благодарност за нивната посветеност, секојдневен труд и „тивка храброст“ со која го прават градот поубав, побезбеден и попријатен за живеење. Проданоски најави дека активностите за уредување ќе продолжат и во ...

Read More »

Мицкоски на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ во Тирана

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој денеска ќе се одржи во Тирана, Република Албанија. Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Read More »

Божиновска: Започна креирањето на Национален инвентар на јавни згради

Процесот за воспоставување на првиот Национален инвентар на јавни згради официјално започна, отворајќи ново поглавје во начинот на кој државата ќе планира, инвестира и управува со својот јавен инфраструктурен фонд. Новата база на податоци треба да обезбеди целосна слика за состојбата, енергетската ефикасност и потребите од инвестиции во сите јавни објекти низ земјата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини ...

Read More »

Прилеп добитник на грант од 50.000 долари за техничка документација за модерно управување со отпад

Општина Прилеп е прворангиран добитник на грант од 50.000 американски долари во рамки на Третиот повик на Фондот за техничка документација (ФТД). По деталната евалуација на пристигнатите апликации, проектот на Општината е оценет како најквалитетен и најперспективен за развој на еколошката инфраструктура. Средствата ќе бидат искористени за изработка на техничка документација за капиталниот проект: „Постројка за складирање, третман и преработка ...

Read More »

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ добитник на меѓународната награда The Bizz Award

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид ја доби меѓународната награда The Bizz Award, најпрестижното глобално признание за деловна извонредност што го доделува World Confederation of Businesses (Worldcob). Наградата е признание не само за деловна извонредност, туку и за континуираниот развој на компанијата, се вели во официјалното известување пратено до д-р специјалист Небојша Баткоски, сопственик и генерален менаџер на центарот. Она што ...

Read More »