Конзервативната австриска народна партија (ОВП) со големо мнозинство гласаше денеска за реизбор на канцеларот Себастијан Курц за нејзин лидер. На партиски собир, Курц (35) доби поддршка од 533 од 536 делегати, или 99,4 проценти. Тој ја предводеше партијата од 2017 година, а подоцна истата година стана најмладиот канцелар во земјата, пренесува „ЕУ опсервер“. Обраќајќи им се на сопартијците пред гласањето ...
Read More »Свет
Вашингтон Пост: Директорот на ЦИА имал таен состанок со лидерот на талибанците во Кабул
Директорот на американската централна разузнавачка агенција “ЦИА”, Вилијам Бернс, одржал таен состанок со де факто лидерот на талибанското движење Абдулах Гани Барадар, пишува денеска “Washington Post”. Весникот наведува, повикувајќи се на упатени американски службеници, дека состанокот бил одржан вчера во Кабул и дека тоа било средба на највисоко ниво меѓу претставници од двете страни. Изворите не сакале да бидат именувани ...
Read More »Фон дер Лајен: ЕУ не ги признава талибанците, нити разговара со милитанти
Европската унија не ги признава талибанците, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека ЕУ не води политички разговори со милитанти. Многу добро слушаме што велат талибанците, но ќе им судиме според нивните постапки, рече Фон дер Лајен по посетата на прифатниот центар во Мадрид за евакуирани Авганистанци кои работеа за институциите на ЕУ во Кабул. ...
Read More »Салех се прогласи за в.д. претседател на Авганистан
Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избегал од земјата. Според Уставот на Авганистан, во случај на отсуство, бегство, оставка или смрт на претседателот, првиот потпретседател станува вршител на должноста ...
Read More »Советот за безбедност на ОН повика на формирање нова инклузивна влада во Авганистан
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска повика на итен прекин на сите воени дејствија во Авганистан и на формирање нова влада, која ќе биде „обединета, инклузивна и репрезентативна“, а во која треба да бидат вклучени и женски претставници. Американските медиуми наведуваат дела во првата изјава на Советот за безбедност на ОН по освојувањето на Авганистан од страна на талибанците ...
Read More »Талибанците влегоа во претседателската палата во Кабул (ВИДЕО)
Претседателот Гани избега од Авганистан, Талибанците го превземаат Кабул
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска со авион ја напушти земјата, придружувајќи им се илјадниците Авганистанци и странци кои забрзано бегаат пред напредувањето на талибанците, означувајќи крај на 20-годишниот експеримент на западните сили чија цел беше да се возобнови Авганистан. Талибанците, кои пред неколку часа влегоа во предградијата на Кабул, веднаш објавија дека ќе навлезат повнатре во градот во кој владее ...
Read More »Неколкумина убиени во масовно пукање во Англија
Шест лица загинаа во масовно пукање во градот Плимут во Англија на 12 август, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите. Две жени и тројца мажи, меѓу кои и вооружениот напаѓач, починале на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Девон и Корнвол. Уште една жена почина во болница. „Се верува дека сите починале од ...
Read More »Над 8.500 луѓе во Германија примиле физиолошки раствор наместо вакцина
Над 8.500 луѓе во Германија ќе треба повторно да примат вакцина против коронавирус, откако било откриено дека примиле физиолошки раствор наместо вакцина. Тоа се вкупно 8.557 луѓе кои можеби не биле целосно или делумно заштитени со вакцинација, иако претпоставувале поинаку – изјави гувернерот на округот Фрисланд, Свен Амбрози. Локалните власти ги повикаа граѓаните вакцинирани во тој период да се јават ...
Read More »Голема воена вежба на Русија и Кина, учествуваат над 10.000 војници
Русија и Кина одржуваат заедничка воена вежба во северна Кина, во која учествуваат повеќе од 10.000 војници, објави денеска руското Министерство за одбрана. Според „Ројтерс“, воената вежба „Сибу / соработка-2021“ во кинескиот регион Нингсија е сигнал дека Кина и Русија ја прошируваат воената соработка. Рускиот весник „Комерсант“ пишува дека вежбите ќе траат до петок и дека ова е првпат руски ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden