Положбата на Македонците во Албанија  

Македонците во Република Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови како Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Голо Брдо има 21 села и тоа: Студено, Стеблево, Требиште, Врница, Мало Острени (Малестрени), Големо Острени, Клење, Пасинки, Владимерица, Ѓиноец, Окштун, Којовци, Лешничани, Радоешта, Себиште, Смолник, Тучепи, Оржаново, Борово, Забзун, Заборѓе. И следните села надвор од Областа Голо Брдо се со мешано македонско и албанско население: Терново, Смолница, Миреши, Торбач и Вишишта.

Областа Голо Брдо

Поле помеѓу Маќеларе и Пешкопеја има 3 села и тоа:  Горно Крчиште, Долно Крчиште и Ербеле.

Македонци во народнија носија Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле

Горија (североно – источно од Корча на Албанска и Грчка граница во правец на Костур) 1 село од Егејскот дел на Македонија во Албанија има едно села Врбник, Билишта.

Македонска народнија носија Врбник

Мала Преспа има 9 села: Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско, Церје.

Македонска народнија носија Мала Преспа

Гора има 9 села: Шиштеец, Орешек, Цернелево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Пакишa, Очикле.

Македонска народнија носија областа Гора

Во Тирана првите миграции на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, Струшко и Охридско датираат од времето на Првата светска војна 1914-1918 година. Меѓутоа, во текот на историјата имало уште неколку бранови на внатрешни преселби на Македонците од родните села кон поголемите градови на Албанија. Такви бранови бележиме во 1923, 1929, 1939 година, а најголемата миграција од етничките региони кон поголемите градови се случила во периодот 1949 до 1960 година.

Во почетокот на 1990-тите години стана голема преселба на Македонците од Албанија кон матичната македонска држава. Некои од преселниците останаа да живеат и работат во Македонија, но некои од нив заминаа во европските држави, во потрага по подобар живот. Бројноста на Македонците во Албанија до денес не е официјализирана бидејќи на ниту еден досега одржан попис во албанската држава на Македонците не им е дозволено да се изјаснат како посебно национално малцинство низ цела Албанија. Таквата привилегија ја имаат само Македонците во Преспа, а сите останати се третирани како Албанци иако самите јавно говорат дека имаат македонски корени и се чувствуваат како етнички Македонци.