Tag Archives: Македонија

Преспанското Езеро има 61 вид заштитени птици

На 1 февруари, Светскиот ден на водните живеалишта, Македонско еколошко друштво(МЕД) и Општина Ресен потсетуваат на важноста на овие живеалишта и посебноста на Преспанското езеро. „На Преспанското Езеро се среќаваат шеесет и еден вид птици кои се на листата на заштитени видови од Бернската Конвенција. Поради ова, Општина Ресен како управувач со подрачјето, презема сет на мерки и активности за ...

Read More »

Туристичката понуда на Охрид и Македонија на саем во Истанбул

  Туристичката понуда на Република Македонија и на Охрид е претставена на големиот Меѓународен саем за туризам „Ист Медитераниан Интернешенал Туризам анд Травел Егзебишн -ЕМИТТ“ што од денеска до 3 февраури се одржува во Истанбул. Македонскиот штанд во рамки на саемот денеска на отварањето го посетија и министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Ерсој заедно со амбасадорот на ...

Read More »

Професорката Гордана Силјановска официално поднела кандидатура за претседателски кандидат

Професорката Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, се тројцата чии пријави на повикот за претседателски кандидат се стигнати засега во ВМРО-ДПМНЕ, велат неофицијално партиски извори за Македонски весник “Илинден”. Рокот за пријавување истече синоќа на полноќ, но во партијата ќе почекаат да не стигне некоја пријава пратена по пошта, па најдоцна до 5 февруари ќе се знаат сите ...

Read More »

Претседателот Иванов на одбележувањето на христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики во Тетово

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во црквата „Св. Атанасиј” на Тетовското кале присуствуваше на црковно-народната прослава на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики. Претседателот Иванов во црквата „Св. Атанасиј” присуствуваше на света божествена литургијa и на церемонијата на осветување на празничниот колач. Македонскиот претседател на присутните граѓани им го честиташе големиот христијански празник и им посака здравје, ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до Претседател на Федеративна Република Бразил

Со жалење ги примив вестите за несреќата во градот Бурмадињо и длабоко жалам за загубените животи, за човечките страдања и за големите штети од оваа катастрофа. Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Федеративната Република Бразил, но дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија и од свое лично име да Ви упатам ...

Read More »

Силјановска: Македонија е се што имамe

Универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова размислува дали да се кандидира на претстојните претседателски избори откако триесетина професори, академици и ителектуалци упатија повик пошироката јавност да ја поддржи нејзината кандидатура. Во изјава за Пресинг ТВ Силјановска вели дека силно ја допрел повикот, но мора да размисли за тоа дали ќе се вклучи во претседателската трка. Иако до сега не се гледала себеси ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Иванов освари средба со министерот за надворешни работи на Литванија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, г. Линас Линкевичиус. На средбата беше заемно констатирано дека односите меѓу двете земји се традиционално добри и пријателски, со чести средби и континуиран политички дијалог. Двајцата соговорници разменија мислења околу можностите за развој на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Литванија, како ...

Read More »

Македонија потпиша договор со Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи 

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски и министерот а внатрешни работи на Република Косово Екрем Мустафа, денеска во Приштина потпишаа Договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Косово и Меморандум за соработка од областа на внатрешната контрола. Денеска, на оваа заедничка средба, заокруживме едно поглавје од целокупниот процес на воспоставување правна рамка како услов за ...

Read More »

Шехтански: Кога Македонците иселеници ќе се вратат, тогаш ќе има мотив за Македонска национална држава

Адвокатот Ванчо Шехтански, кој воедно е и политичар и претседател на политичката партија ТМРО на својот профил на Фејсбук напиша дека кога Македонците иселеници ќе се вратат во Македонија, тогаш ќе има желба и мотив за Македонска национална држава. „Кога Македонците иселеници ширум светот, ќе си се вратат заедно со своите внуци, кога ќе си ги откупат имотите што повеќето ...

Read More »

Мирка Гинова: „Јас сум Македонка“ рекла пред да умре, првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција

„Јас сум Македонка и сум горда на тоа. Не убив никого, но се борам еден ден Грција да стане слободна татковина за сите Грци и Македонци. И ние, Македонците да бидеме слободни, да го зборуваме својот мајчин јазик, да имаме свои училишта, да нема повеќе затвори и рициново масло. Може ќе ме стрелате, но не се плашам“, рекла во 1946 ...

Read More »