Двајца Македонци се кандидати за градоначалник на Општина Пустец, областа Мала Преспа на локалните избори во Албанија, кои ќе се одржат на 14 мај, каде мнозинство е македонското население. Актуелниот градоначалник Пали Колефски како заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека очекува голема поддршка од граѓаните и победа за да се реализираат ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Коалицијата „Заедно победуваме“ ја започна изборната кампања во Пустец со промоција на Панди Јани за градоначалник
Коалицијата „Заедно победуваме“ предводена од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, ја започна изборната кампања во Пустец, со промоција на Панди Јани за градоначалник и членовите за 15 члениот општински совет. Во Пустец го промовираме идниот градоначалник на општината, Панди Јани и со структурите на Заедничкиот штаб на Коалицијата „Заедно победуваме“, на која учествува и пратеникот Едмонд ...
Read More »Македонците во Албанија според традициите го одбележаа Воскресението Христово – Велигден
Најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православни Македонци, како во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови Тирана, Корча, Подградец, Елбасан, Драч и други градови. На Велигден, Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосфера и со богата трпеза, додека прославата на празникот започна на Велики четврток уште пред изгрејсонце ...
Read More »Јани ги повика граѓаните слободно да го дадат својот глас на локалните избори во Албанија
Кандидатот за градоначалник на единствената македонска општина во Албанија Пустец, Панди Јани обвини дека актуелната локална власт започнала да врши притисок врз општинската администрација и ги повика граѓаните да не плашат и слободно да го дадат својот глас. Локалните власти исплашени од поразот што им следува на 14 мај, започнаа да вршат притисок врз општинската администрација. Ги повикувам сите вработени ...
Read More »Документарен филм за Македонците во село Глобочани областа Мала Преспа (ВИДЕО)
Доктор Коламовски: Желбата да им помогнам на моите Македонци ме врати во родниот Пустец
По 32 -годишниот престој во Македонија доктор Нико Коламовски се вратил во неговиот роден крај Пустец, да се грижи за здравјето на своите сограѓани. „Се чувствувам добро, се чувствувам на моето место, затоа се вратив. Повеќето тука се лица над 70 години кои не можат да се движат. Децата не им се тука. Се обиидуваме да помогнеме колку што можеме“ ...
Read More »Никола Ѓурѓај интервју за lokalno.mk : Софија врши тивка асимилација на Македонците во Албанија со голема сума материјални средства или ветувања за експресно давање бугарски пасоши
Македонското друштво „Илинден“-Тиранa секоја година поднесува проект. Кога Министерството за Култура на Албанија објавува повик ние редовно поднесуваме пријава, а проектите се во сферата на културата како што две фоклорни фестивали беа подржани и ние сме благодарни на таа подршка и бараме да биде во контунитет бидеќи така можиме да зачуваме културата, обичајте и да ги пренесиме на новите генерации ...
Read More »Колефски: Водата за пиење во Општина Пустец е во рамките на дозволените стандарди
Градоначалникот на општина Пустец ја отфрли вистинитоста на наодите искажани во емисијата „Пирањат“ на Сири ТВ, кои во својата емисија пренесоа дека според анализите што ги направиле за параметрите на водата, водата за пиење од новиот водовод во Пустец има високо ниво на бактериолошка загаденост и не се препорачува за пиење. Според градоначалникот Пали Колефски со изградбата на водоводот во ...
Read More »Комитетот за национални малцинства позитивно одговори на барањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана да постави повеќејазична табла
Комитетот за национални малцинства на Албанија, позитивно одговори на барањето на македонското друштво “Илинден“-Тирана за поставување повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, потврди за Македонски весник “Илинден”, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. Добивме позитивен одговор на нашето барање доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, која во исто време ...
Read More »Дванаесетта годишнина на македонскиот весник “Илинден”
Пред точно дванаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Изминативе дванаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden