Tag Archives: Македонци во Албанија

Васил Стерјовски предупредува: “ Бугарите се во поход за асимилација на Македонците!“

Претседателот на Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа. Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале. Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата ...

Read More »

Оддадена почит на Спасе Мазенковски, еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Општина Пустец на петгодишнината од смртта му оддаде почит на Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. На настанот одржан во салата на Советот на општината присуствуваа неговио син Владимир и ќерката Елеонора, негови сограѓани, колеги, претставници на локалната власт, на македонската партија МАЕИ, како и ...

Read More »

Општина Пустец: Нема дозвола за отворање бугарскиот културен центар, тоа е намерна провокација

По веста објавена на социјалните мрежи дека утре 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј ќе се отвори бугарски културен центар во Пустец, од локалната власт на оваа општина, за МИА изјавија дека за такво нешто нема издадено дозвола. Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен центар. Ова го прават со цел да ...

Read More »

Македонците по потекло од Крчишта, Албанија во сабота на традиционален собир во црквата ” Свети Спас”

Македонците од Горно Крчишта, Општина Пешкoпеја, Албанија, по повод христијанскиот православен празник Вознесение Христово-Спасовден, кој е патрон на селската црква, во сабота го одржат средба, која по иселувањето стана традиција. Со цел да може да присуствуваат поголем број Македонци, иселени од ова село, како и нивни потомци, традиционалниот собир ќе биде во црквата „Свeти Спас” во сабота, 27 месецов. Почнува ...

Read More »

Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ќе се одржи на 27 мај 2023

На 27 мај 2023 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите ...

Read More »

Изложба „Градски костими“ во музејот на Стерјо Спасе во албанското село Глобочани

По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, вчера во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани, општина Пустец беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник. Изложбата е реализирана во рамки на проектот „SMART4YOU2″ а во соработка на НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за културно наследство – Корча, како дел ...

Read More »

Се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2023 година” во село Големо Острени 

На 20.05.2022 во село Големо Острени областа Голо Брдо се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2023 година”. Настанот беше поддржан од страна на Општина Булќиза во тесна соработка со Здружението за борење Голо Брдо. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера со традиционални Македонски песни и ора од областа Голо Брдо, првак на купот е Елтон Зепај од село Требиште, ...

Read More »

Екслузивно: Пали Колефски победник во општина Пустец

Според податоците на Централна изборна комисија во Пустец се пребројани гласачките кутии од вкупно 4.364 запишани избирачи, гласаа 2.145 избирачи. Од преброените гласови за градоначалник на општина Пустец, кандидатот Пали Колефски доби 1.184 гласа, а кандидатот Панди Јани доби 673 гласа. Преспа ќе продолжи да живее, жителите на Општина Пустец го избраа најдоброто. Драги мои прво да ви се заблагодарам ...

Read More »

Пелеши од Пустец: Горд сум што со нашиот сојузник МАЕИ со заеднички сили ќе ја трансформираме оваа општина на македонското малцинство

Горд сум и многу среќен што ние заедно со нашите сојузници, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), имаме консолидирано една долгорочна и стабилна алијанса која несомнено го даде овој резултат. Втор мандат за Пали Колефски, што е и заслужено, рече меѓу другото албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во Пустец. Пелеши кој беше и координатор за локалните избори на владејачката ...

Read More »

Во општина Пустец двајца кандидати за градоначалник, 97 за 15 членови во општинскиот совет

Во општина Пустец, Мала Преспа, населена 100 отсто со Македонци, како и во останатите 60 општини во Албанија, утре жителите избираат нова локална власт. Во трката за градоначалничката функција во Пустец се двајца, додека за 15-те места во општинскиот совет 97 кандидати, сите Македонци, предложени од повеќе политички партии. Довербата за прв човек на општината по вторпат ја бара актуелниот ...

Read More »