Македонци – Албанија

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани. Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ...

Read More »

Кристиан Трајче избран за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за областа Преспа

За нов претседател на  Општинскиот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ е избран Кристиан Трајче од село Туминец, Општина Пустец. На состанокот присуствуваше раководството на партијата, претседателот Васил Стерјовски, генералниот секретар Таќо Гроздани и потпреседателот на МАЕИ за делот на Преспа Ефтим Митревски. Искрено се радувам на изборот за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи на Македонија оствари средба со г-дин Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Филип Тосевски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.  Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република ...

Read More »

Потрага по корените на Горан Стефановски: „Домот е таму каде што боли“

Корените на родот на Горан Стефановски се од селото Ербеле, во денешна Албанија Иван Антоновски „Сè се движи. Птиците и јагулите, заедниците и поединците, атомите, молекулите. Постои миграција, во простор и време, ширење и мешање и повторно мешање на култури и форми и идеи. Тоа е суштинско нешто: метаморфоза, трансформација, спогодување и адаптација. Тоа е животот. Хенинг Манкел еднаш напишал: ...

Read More »

Поквалитетна здравствена заштита и инфраструктура, ветува Колефски во изборната програма

Барајќи ја довербата за втор мандат на претстојните локални избори во Албанија, актуелниот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски презентираше дел од програмата која, како што нагласи, „со ваша поддршка ќе можеме да ја решиме секоја мака за нас и нашите деца“. Еден од приоритетите е подобрување на условите во здравствените установи, во инфраструктурата, како и отворањето на граничниот премин ...

Read More »

Почна санација на ѕидовите на црквата “Свети Димитрија” во Горна Горица, отец Темелко апелира за поддршка

Продолжуваат активностите за заштита на црквата “Свети Димитрија” во село Горна Горица, една од најпознатите цркви во Мала Преспа. Со Божја помош и помош на сите верници од Горна Горица, продолжуваме со активностите, овој пат со реконструкција  на западниот ѕид на црквата. Бидејќи постоеше опасност од целосно оштетување на ѕидот почнавме со  реконструкција и втемелување со бетон и заштита на ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе – изјасни се дека си Македонец “. Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“. Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како ...

Read More »

Мета од Пустец: Да овозможиме прекрасната македонска заедница да го зачува својот национален идентитет

Во Пустец попладнево беше одржан изборен собир на кој пред жителите се претстави кандидатот за градоначалник Панди Јани, а се обрати и лидерот на Партијата на слободата, Илир Мета. Овде живее една прекрасна заедница, за која, добро знаете имам посебна почит. И кога бев претседател на државата, Пустец беше општина која најмногу сум ја посетувал во мојот петгодишен мандат. И ...

Read More »