Бригадниот генерал Арбен Воке Кинѓи од село Шиштеец областа Гора е новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили. Тој доаѓа на местото на генерал Бајрам Бегај, кој оваа функцја ја напушти во почетокот на јуни, кога беше предложен а потоа и избран за претседател на Албанија. Предлог за назначување на ова функција на генерал Кинѓи достави премиерот Еди Рама ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Талибанците потврдија: Лидерот на Ал Каеда убиен во Кабул
Талибанските власти во Авганистан денеска потврдија дека лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, бил убиен во неделата во Кабул со проектил истрелан од беспилотно летало и ветија дека ќе започнат истрага. Неименуван талибански функционер претходно денеска најави дека ќе ги испита „американските тврдења“ дека лидерот на Ал Каеда Ал Завахири бил убиен во напад на американско беспилотно летало во ...
Read More »Кинеската армија утрово ги почна воените вежби околу Тајван
Кинеската војска рано утрово ги почна воените вежби околу Тајван, по 25 годишна пауза. Вежбите се реализираат во шест зони околу Тајван и ќе траат до недела попладне. Некои ќе бидат на само 20 километри од тајванското крајбрежје. Истовремено Пекинг, издаде предупредување за бродовите и авионите да не влегуваат во водата и воздушниот простор во областите каде што се одржуваат ...
Read More »Проф. Д-р Катерина Тодороска: Пред и после Протоколот (Дел 4)
Записникот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој се одржа на 17 јули 2022 во Софија, наречен Протокол во продолжение ги содржи информациите од работата на РГ 3 – Меѓуресорска работна група „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, ...
Read More »Слепченскиот апостол – најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот
Слепченскиот апостол е еден од најзначајните книжевни споменици, не само од богатата ракописна збирка на Слепченскиот книжевен центар туку и општо во славистиката. Тој претставува најстар зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на апостолот пишуван со убаво кирилично писмо врз пергамент. Ракописот е интересен пример на византиско-словенски палимпсест, односно словенскиот текст на апостолот, кој според палеографските особености е пишуван во 11 ...
Read More »Македонците од Албанија чекаат нов почеток
Албанија неодамна ги почна преговорите со Европската Унија, а токму почитувањето на малцинските права е еден од најважните критериуми на патот кон ЕУ. Но дали овој почеток на преговори ќе значи и нов почеток за Македонците во Албанија, кои со години и децении се фрлени на маргините на општеството без права и елементарни услови за живот. Македонците од областите Голо ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден
Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: Пред и после Протоколот (Дел 3)
Со оглед на тоа што основата за појавувањето и реализирањето на фамозниот Записник наречен Протокол веќе ја напишав, од денес ви ги презентирам значајните, сериозно загрижувачки точки, за македонската држава во него. Напомнувам дека за одредени недоумици се консултирав со лица чија досегашна работа предизвикува почит, а чие мислење лично ми значи. Исто така, поради обемноста на материјалот, а за ...
Read More »Почина Илинка Митрева поранешната министерка за надворешни работи на Македонија
Митрева е родена на 11 февруари 1950 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје – група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет ...
Read More »Во Детроит чествување за илинденскиот војвода и деец Смиле Војданов
Потомците на Смиле Војданов на 19. Илинденски фестивал во организација на МПЦ-ОА „Св. Ѓорѓи Кратовски“ Во рамките на 19. Илинденски фестивал кој почна вчера во организација на македонската заедница на иселеници за прослава на Илинден во црквата на МПЦ-ОА „Св. Ѓорѓи Кратовски“ во Детроит, Мичиген, САД, се одржа пикник и чествување за македонскиот револуционер и долгогодишен деец на македонското национално ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden