Албанија

Во Драч вплови воениот брод “Либра” донација од Италија за албанската воена морнарица

Во пристаништето Драч попладнево вплови италијанскиот воен брод „Либра“, корвета од типот „Касиопеа” што на албанската морнарица и го донира Италија. „Оваа донација е важен чекор во зајакнувањето на капацитетите на албанските поморски сили, овозможувајќи подобрена поморска одбрана и придонесувајќи за меѓународните мисии на НАТО и за регионалната стабилност, објави министерот за одбрана, Пиро Венгу. Бродот е  опремен  со софистицирани ...

Read More »

Амбасадата на САД во Тирана: Се отвора повикот за Fulbright програми

Амбасадата на САД во Тирана, го отвори повикот за аплицирање за програмите Fulbright за учебната 2026-2027 година. Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2025 година. Програма за стипендисти во посета на Fulbright Програма за стипендисти во посета на Fulbright 2026 – 2027 година – Амбасада на САД во Албанија (наставници или истражувачи) Fulbright Visiting Scholar Program 2026 – 2027 ...

Read More »

Политичари кои ќе гласаат од затвор од шеф на држава до градоначалници и министри

Меѓу граѓаните кои од затвор ќе го остварат правото на глас  на парламентарните избори на 11 мај, се и поранешен шеф на државата, градоначалници, министри, пратеници. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, ќе гласа во Драч,  градот каде што е во затворски притвор, исто како и неговите сопартијци, Илир Беќја, поранешен министер за здравство и Јургис Чирбја, поранешен пратеник. Од редовите ...

Read More »

Самир Мане првиот милијардер од Албанија на листата на Forbes

За првпат, еден претприемач од Албанија се најде на реномираната листа на најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Forbes. Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, се рангира на 2.356 место во светот, со проценета нето вредност од 1,4 милијарди американски долари. Ова претставува највисока проценка на имотна состојба досега доделена на еден претприемач од регионот од страна ...

Read More »

ДХЛ ќе ги доставува ковертите со гласачки ливчиња за албанската дијаспора во 85 земји

Целиот процес на администрирање и пребројување на гласовите ќе се одвива во Олимпискиот парк во Тирана, објави комисијата. Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра. -Распределбата на 245.808 коверти со гласачки ливчиња, ќе се врши според распоредот што ...

Read More »

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската автокефална православна црква г. Јоан

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Јоан. На церемонијата присуствуваа голем број верници и гости од 13 православни цркви од светот. Г. Јоан е втор архиепископ на Албанската автокефална православна црква (ААПЦ), по падот на комунистичкиот режим и прв  архиепископ Албанец од 1967 година. ...

Read More »

Ренци: Попусто потрошени една милијарда евра за прифатните центри во Албанија

Италијанскиот сенатор и поранешен премиер Матео Ренци беше во посета на прифатните центри за мигранти во Шнѓин и Ѓадер, Албанија. По обиколката изјави дека „создавањето на камповите е пропаганда на премиерката Џорџа Мелони”, додавајќи дека „Италија попусто потрошила околу една милијарда евра инвестиции за изградба на камповите кои можеле да се искористат за пензии и зголемување на платите”. Ова нема ...

Read More »

Албанија преговара со пет странски компании за производство на артилерија и борбени дронови

Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека многу наскоро Албанија може да започне со производство во воената индустрија, главно во артилерија, муниција, борбени дронови и униформи „Made in Albania“. Венгу во телевизиско интервју зборуваше за чекорите кои се преземени во оваа насока со законот за воената индустрија, усвоен минатата година. Од целиот правен пакет се создадени два субјекта, домашна и ...

Read More »

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Албанија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Замјотресот бил со епицентар во градот Елбасан.

Read More »

Претседателот Бегај во официјална посета на Австрија

Мораме да обезбедиме овие стратешки интереси да се рефлектираат во заедничките акции за иднината на развиена Албанија, за Албанија како земја членка на Европската унија, за безбеден, мирен и интегриран во ЕУ Западен Балкан и за регион кој е далеку од влијанието на трети страни, посочил Бегај. Албанскиот претседател Бајрам Бегај вчера пристигна во официјална посета на Австрија, на покана ...

Read More »