Албанија

Албанија денеска го одбележа 29 Ноември 1944 – Денот на ослободувањето од наци-фашистичката окупација

Од 7 април 1939 година до 29 ноември 1944 година, Албанија беше окупирана од фашистичка Италија, а по нејзината капитулација, есента 1943 година, Албанија беше окупирана од германските нацисти. На крајот на ноември 1944 година, по ослободувањето на Тирана на 17 ноември и главниот дел на Северна Албанија, градот Скадар и неговиот округ останале да бидат ослободени. Скадар бил последниот ...

Read More »

Албанија ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста

Албанија денеска ја слави 112-годишнината од прогласувањето на независноста. На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги известил шесте големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија. Исто така, биле известени балканските ...

Read More »

Сали Бериша е на слобода, мерката куќен притвор укината

„Денеска судот ја укина мерката куќен притвор, како мерка која нема ниту услови, ниту критериуми за нејзино определување, а од денеска Сали Бериша е на слобода и против него нема безбедносна мерка. Друга безбедносна мерка нема. Не можам да го поврзам досието со вас, но судот оцени дека за Сали Бериша не постојат услови и критериуми за каква било мерка ...

Read More »

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови (ВИДЕО)

Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана. Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец ...

Read More »

Осуден поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако претходно прогласен за непожелен за САД

Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ и „фалсификување документи“, Специјалното обвинителство побарало 4 години, но поради согласноста за скратена судска постапка казната му е намалена. Специјален суд против организиран криминал и корупција, попладнево му изрече казна затвор во траење од 2 години и 8 месеци на поранешниот градоначалник на Драч, Ванѓуш Дако. Под обвинение за „злоупотреба на службената положба“ ...

Read More »

Тирана воведува бесплатен автобуски превоз за пензионери

Снимка од екран од вестите на македонски јазик на јавниот сервис ТВШ2 од 21.11.2024 г. Општина Тирана објави дека од 1 јануари 2025 година, пензионерите ќе може да патуваат бесплатно со градски автобуси, пренесува јавниот сервис ТВШ 2. Бесплатниот превоз ќе биде овозможен за пензионери постари од 60 години за жени и над 65 години за мажи, чиј вкупен број ...

Read More »

Востоличен новиот митрополит Асти ќе ја предводи митрополијата Бератско – Валонско и Канински (ВИДЕО)

Завршено е устоличувањето на новиот митрополит Бератско – Валонско и Канински Бератско-валонско-канински. Митрополитот Асти го презеде тронот на свеченоста организирана во катедралата „Свети Димитриј“ во митрополата Берат, на која присуствуваа претставници на верските заедници, високи свештеници на Православната црква, претставници на локалната власт, пратеници и голем број православни верници. Светата миса на устоличувањето на новиот митрополит Бератско – Валонско и Канински, го ...

Read More »

Во Албанија ветингот разреши околу 280 судии и обвинители, 130 од нив се пожалиле во Старзбур

Од декември 2018 година кога, во Албанија, почна да се имплементира процесот на проверка, познат како ветинг, Специјалната комисија за проверка донела 802 решенија за лица од правосудството, судии и обвинители. Од вкупната бројка, околу 280 судии и обвинители биле разрешени, при што 130 од нив незадоволни од одлуката на соодветниот орган за проверка, поднеле жалба до судот во Стразбур. ...

Read More »

Во Тирана протестен марш по убиството на 14-годишнниот ученик

Во Тирана денеска се одржа двочасовен мирен протестен марш за убиството на 14-годишното момче, кое го шокираше целото албанско општество. Ученици, родители и други граѓани носеа транспаренти, а на еден од нив пишување „неодговорните институции убиваат“. На крајот од протестниот марш на ѕидовите на Министерството за образование оставија отпечатоци од рацете со црвена боја што ја симболизира крвта. Главната порака ...

Read More »

Албанија и Македонија со договор во здравствениот сектор

Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Албана Кочиу, денеска оствари средба со нејзиниот колега од Македонија, Арбен Таравари. На средбата беше потпишан договор за соработка меѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија. Министерката Кочиу преку објава на социјалните мрежи објави дека на оваа средба таа и ...

Read More »