Во пресрет на изборите и пописот во Албанија се засилуваат и притисокот, методите и формите за побугарување на Македонците во Албанија. Но, како што велат нашите соговорници, тие нема да потклекнат на овие притисоци. Од партијата Македонска алијанса за европска интеграција велат дека во Албанија има над 350.000 Македонци што живеат во оваа земја и очекуваат со демократските процеси во ...
Read More »Македонци – Албанија
Десет години постоење на македонскиот весник „Илинден“
Пред точно десет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Изминативе десет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса ...
Read More »Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев
Денес, во работна посета на Република Македонија беше претседателот на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ од Република Албанија, воедно и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски. При тоа, Стерјовски освари средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. “Срдечна средба во Владата на Република Македонија со премиерот, Зоран Заев каде разговаравме за положбата на македонската ...
Read More »Македонците од Требиште, Голо Брдо добија целосно реконструиран здравствен објект (ФОТО)
Македонците од админстративната единица, Требиште, област Голо Брдо, добија целосно реконтруиран здравствен центар, со целосно потребната апаратура и кадар. Во рамки на владиниот проект „Реконструкција на 300 здравствени центри“ извршена е целосна реконструкција и проширување на досегашната здравствена амбуланта и опремена со нова апаратура. Тука секако и фактот што за здравјето на жителите се грижат лекар и две медицински сестри. ...
Read More »Стерјовски: Општина Пустец да биде опфатена со Националниот мастер план за изградба на водоводни и канализациски мрежи
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, во попладневниот дел од пленарната седница побара општина Пустец да бде опфатена во Националниот мастер план за изградба на водоводни и канализациски мрежи. Го поддржувам договорот за заем помеѓу Република Албанија и КФВ за финансирање на Програмата „општинска инфраструктура V“ и барам вклучување во Националниот мастер план ...
Read More »Стерјовски побара од сите да се почитува одлуката за употреба на македонските топоними во областа Мала Преспа
Пратеникот од Македонска алјанса за европска итеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски денеска го актуелизира прашањето околу спроведувањето на одлуката на Парламентот за враќањето на традиционалните топони во Мала Преспа. Во обраќањето на денешната пленарна седница, Стерјовски потсети дека во 70-те години на минатиот век, Народното собрание на Албанја ги сменило имињата на селата во областа Преспа. По падот ...
Read More »Честитка од Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Македонското друштво „Илинден”-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упати честитка до припадниците на македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчинот ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор, Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа ...
Read More »Македонците во Голо Брдо за првпат не останаа блокирани по обилните снежни врнежи
По обилните снежни врнежи и минусните температури, за првпат Македонците во областа Голо Брдо, Албанија, за првпат не останаа целосно блокирани, појава со која во минатите години се соочува со денови. Како што потврдуваат жители од областа тоа благодарение на максималната ангажираност на првиот човек на административната единица Требиште, Едмонд Османи, кој успеал да обезбеди механизација во соработка со општина ...
Read More »Стерјовски успеа од мртва точка да ја помести легализацијата на дивоградбите во општина Пустец (ВИДЕО)
Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, успеа да прокнижи уште еден успех во надминување на проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија. Овој пат тоа е проблемот со легализацијата на диво изградените функционални објекти во општина Пустец, за што на 23 минатиот месец до албанското Собрание поднесе барање за интерпелација со премиерот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden