Македонци

МНР се извини за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“

Македонската алијанса за европска интеграција реагираше на етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија во интервју за бугарски медиум.  По овој случај, МАЕИ упати писмена реакција до повеќе институции, меѓу кои Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација, Делегацијата на ЕУ во Тирана, Канцеларијата ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден”-Тирана упати телеграми со сочувство до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во име на друштвото и Македонците во Република Албанија, до претседателката Гордана Силјановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски, упати телеграми со сочувство за трагедијата во Кочани. Се наведува дека со длабока болка Македонците ја примиле веста за националната трагедија од 16 март, во која животот го загубија 59 млади, а многу останаа повредени, дека  ...

Read More »

Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани

Македонците во општина Пустец денеска им оддадоа почит на трагично загинатите во трагедијата во Кочани. Општинската администрација, наставниците и учениците од гимназијата и  партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) со едноминутно молчење изразија почит кон жртвите. На плоштадот “Гоце Делчев”, пред црквата “Свети Архангел и Михаил”  жителите на Пустец  запалија свеќи во знак на почит, а свештеникот Алекс Темелко се ...

Read More »

Во македонската амбасада во Тирана отворена книга на жалост

Во македонската амбасада во Тирана е отворена книга на жалост, а на објектот на амбасадата македонското знаме од вчера се вее на половина копје по трагедијата во Кочани и загинатите 59 лица. Информираме дека денеска во амбасадата е отворена книга на жалост за жртвите од трагедијата во Кочани. Денеска тоа беше од 13:30 до 15:30 додека од утре до петок ...

Read More »

Сочувство за загинатите и молитви за закрепнување на повредените од Македонците во Албанија

Со длабока тага и неизмерна болка и Македонците во Албанија ја примија веста за трагедијата во Кочани, изразувајќи длабоко и искрено сочувство до семејствата на младите животи што прерано згаснаа и се молат за закрепнување на повредените. Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за несреќата во дискотеката во Кочани, Македонија. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Нема зборови што ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во дискотеката во Кочани, Македонија сочуство до семејствата на загинати од трагичниот пожар и длабоко жалење за несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените. – стои во соопштението на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана.

Read More »

Летник народен празник

Летник е народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар). Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи. Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во ...

Read More »

Васил Стерјовски во трка за пратенички мандат

Васил Стерјовски, лидер на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе биде во трка за пратенички мандат на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча. Тоа врз основа на денеска постигнатиот договор со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама. Нашиот лидер Стерјовски е на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча, ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама. „По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција  предводена од Демократската партија на Сали Бериша

Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година. Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.

Read More »