Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 31. 01. 2023 година испрати барање бр. 953/2023 при Комитетот за национални малцинства за поставување на повеќејазичната табла во Комитетот за национални малцинства. На 10.02.2023 година од Комитетот за национални малцинства беше испратен одговор на барањето со бр. 38 во кое пишува дека ќе биде земено предвид барањето. Но, помина повеќе од една година, а таблата ...
Read More »Македонци
На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо во последните три дена од минатата седмица забележана е зголемена фреквенција
На граничниот премин Требиште – Џепиште областа Голо Брдо, регистрирани се вкупно 483 патнии, од кои на излез 243, додека на влез 240 патници, потврдија од Министертвото за внатрешни работи. Граничниот премин Требиште – Џепиште“ областа Голо Брдо е на 15-тина километри од Дебар, е од локален карактер, па во летниот период работи од 8 до 20 часот и право да го користат ...
Read More »Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана
Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква ...
Read More »Одржана традиционална средба на Македонците од с. Горно Крчишта, Општина Маќеларе
На 15 јуни 2024 година се одржа 15-тата традиционална средба на Македонците од с. Горно Крчишта, Општина Маќеларе во Албанија. Македонска средба секоја година се одржува по повод големиот христиански празник Спасовден кај црквата Свети Спас во Горно Крчишта. Оваа црква датира од 1232 година и од страна на албанската држава е прогласена за споменик на културата. Националниот совет за реставрација ...
Read More »Македонското друштво “Илинден”- Тирана му го честита реизборот за европратеник на Лорант Винце, претседател на ФУЕН
Македонското друштво “Илинден”- Тирана, кое повеќе од девет години е член на Федералната унија на европските националности, ФУЕН му го честиташе реизборот за европратеник на Лорант Винце. Дозволете ми во мое лично име, како претставник на Македонците во Република Албанија, а во име на македонското друштво “Илинден“-Тирана, да ви честитам за победата на Евроизборите 2024 и како пратеник во Европскиот ...
Read More »Комитетот на министри на Советот на Европа годинава за првпат двапати ќе расправа за правата на Македонците во Бугарија
Во последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа содржани се јасни критики кон бугарските власти за досегашното непреземање на никакви мерки за спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур. Комитетот на министри на Советот на Европа годинава за првпат двапати ќе расправа за правата на Македонците во Бугарија. Еднаш тоа се случи во март 2024 година, ...
Read More »Партиите на Македонците во Албанија и Србија договориле заеднички активности и настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи
Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пустец и Панчево. Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на престојот на делегацијата на МАЕИ во Панчево. Лидерите на двете партии, Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка ...
Read More »Македонското меѓународно движење за човекови права бара враќање на името на Македонија
Македонското меѓународно движење за човекови права бара итно раскинување на „Договорот од Преспа“, со кој во 2019 година незаконски и насилно се смени името на Македонија во крајно навредливото име „Северна Македонија“, во спротивност на македонскиот Устав, собраниските правила, македонското и меѓународното право, и на повеќе меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Повеќе детали се наведени подолу. Раскинувањето на ...
Read More »Стерјовски на средба со претставниците на Македонците во Србија
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, престојува во Србија, каде остварил средби со претставници на Македонците во оваа земја. Имав чест да ги посетам Панчево и Јабука, каде што се сретнав со претставниците на Националниот совет на Македонците во Република Србија и со Демократската партија на Македонците. На овие средби имав ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden