Македонија

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Драч

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери. Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање. ...

Read More »

Проданоски: Прилеп ќе го обнови својот симбол нов лик и осветлување за Маркови Кули

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски најави дека еден од клучните приоритети во неговата програма ќе биде целосното уредување и осветлување на локалитетот Маркови Кули, со што овој историски симбол ќе добие нов, модерен и привлечен изглед. „Маркови Кули е срцето на Прилеп и симбол кој ја претставува нашата историја и традиција. Со новото осветлување, уредени пешачки патеки и ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува мега парк кај Лепенец и серија инфраструктурни проекти во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мега парк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк ќе се протега по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, со вкупна површина од над 300.000 квадратни метри, и ќе биде првиот мегапарк ...

Read More »

Проданоски најави изградба на нова модерна градинка во Прилеп (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави изградба на нова детска градинка со современ и енергетски ефикасен дизајн, на површина од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца. „Оваа градинка нема да биде само објект. Таа ќе биде порака дека ќе продолжиме да го градиме Прилеп со визија и со одговорност кон идните генерации“, истакна Проданоски. ...

Read More »

Коњановски очекува силно мнозинство во Советот на Општина Битола

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, истакна дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ очекува мнозинство во идниот состав на Советот на Општина Битола. Тој го истакна тоа на прес-конференција во битолскиот огранок на Социјалистичката партија на Македонија, на која се заблагодари за јавната поддршка од таа партија. „И во оваа кампања сме заедно со Социјалистичката партија на Македонија, ...

Read More »

Тоневски најавува обновен простор околу познатиот даб во Марчино и нови пешачки патеки

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави уредување на просторот околу познатиот даб во Марчино, симбол на истрајност и локални корени. Според него, во овој простор ќе бидат поставени летниковци и клупи за одмор, со цел продолжување на дружењето и рекреативните активности на жителите. Покрај тоа, Тоневски најави реконструкција на патот до Марчино, додека стариот пат од Марчино ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои ќе ја трансформираат инфраструктурата во општина Ѓорче Петров и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Главниот проект е изградбата на модерен кружен тек на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“. Според Ѓорѓиевски, овој кружен тек ќе ја зголеми безбедноста, ќе го растовари сообраќајот ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Сарај и Матка ќе станат гордост на Скопје со нови проекти и одржлив развој

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Сарај, каде што најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти насочени кон унапредување на локалната заедница и туристичкиот локалитет Матка. „Сарај нема повеќе да биде заборавена општина. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно заживување и развој,“ истакна Ѓорѓиевски, најавувајќи изградба на монтажен паркинг кај Матка ...

Read More »

Проданоски најавува модернизација на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, го презентира својот проект за целосна реконструкција на улицата „Александар Македонски“, една од најважните сообраќајни артерии во градот. Проданоски посочи дека улицата денес е тесна и небезбедна за возачите, пешаците и велосипедистите, што не одговара на потребите на еден модерен и развиен Прилеп. Проектот предвидува целосна промена и ќе биде од големо ...

Read More »

Коњановски за младите и традицијата: Фолклорните ансамбли ќе добиваат поддршка

Денес, со носителот на листа Филип Поповски и кандидатите за советници, Тони Коњановски оствари средба со претставници од фолклорните групи од Битола и регионот. На средбата се разговараше за значењето на фолклорот како дел од културното наследство и за улогата на младите генерации во неговото зачувување. Коњановски ја истакна поддршката што општината ја издвојува од 1.400.000 денари од програмата за ...

Read More »