Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД. Трагајќи по среќата, некои од ...
Read More »Македонија
Православните верници го празнуваат Крстовден – Воздвижение на Чесниот Крст
Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Христина, Кристијан. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен ...
Read More »Во Њујорк одбележана 30-годишнината од македонско-американските дипломатски односи
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Соединетите Американски Држави, што се одржа во Њујорк. Сиљановска-Давкова порача дека посакува и во следните 30 години да го продолжиме стратешкото партнерство со САД, бидејќи живееме во турбулентни времиња во коишто е неопходна меѓусебна поддршка на глобален план. Обраќајќи им се на ...
Read More »Николоски: Брзата пруга е економски најзначајниот проект за цела Југоисточна Европа
Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, ...
Read More »Тошковски: Граничниот премин „Блато“ во Дебар станува мост на поврзување меѓу Македонија и Албанија
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар. Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар беше информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната ...
Read More »Муцунски на Трансатлантска вечера организирана од Државниот секретар на САД, Марко Рубио
На покана на Државниот секретар на САД, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера. На настанот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и Европската Унија, при што беше реафирмирана заедничката определба за мир, стабилност и просперитет. ...
Read More »Македонија ќе влезе во системот на инстант банкарско плаќање заедно со земјите од Западен Балкан
Македонија сè уште не е влезена во системот на инстант плаќање заедно со другите земји од Западен Балкан, кои се подготвуваат од наредната година да го стават овој систем да биде целосно оперативен. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави дека на годишните средби на ММФ и на Светската банка, кои ќе почнат на 15 октомври, ќе го потпише писмото ...
Read More »Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Казидакис
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на ...
Read More »Скопје Честит Ден на знаковниот јазик – порака од градоначалникот Ѓорѓиевски
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го честиташе Денот на знаковниот јазик, истакнувајќи ја важноста на гласот што не се слуша, но се чувствува преку рацете, дланките и срцето. „Нека денешниот ден биде потсетник дека заедно ќе го градиме Скопје како град на еднакви можности, почит и заедништво“, нагласи Ѓорѓиевски, охрабрувајќи ги граѓаните да ги почитуваат и поддржуваат ...
Read More »Коњановски: Заедно со народот до сигурна победа во Битола
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска изјави дека на средбите со граѓаните од Јонче Мурџевски уште еднаш се потврдило дека „силата е во народот“. „Со вашата поддршка, победата во Битола е извесна!“, нагласи Коњановски, истакнувајќи ја важноста на непосредниот контакт со граѓаните и поддршката за својата понатамошна работа и проекти во општината.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden