Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски денеска беше домаќин на министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој заедно со бизнис-делегација престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата, двајцата министри оценија дека посетата претставува уште една потврда за интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји, при што ја истакнаа подготвеноста ...
Read More »Македонија
Николоски: Македонските аеродроми остануваат лидери во регионот, владините политики како одговор на глобалните предизвици
Вцепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии. „Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер ...
Read More »ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава
Со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава и на релевантни институции, во „Јуроп Хаус“ во Скопје, се одржа конференција за печат во организација на ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) со што официјално се одбележа почетокот на меѓународниот проект „Безбедни жици за загрозени птици“ (101216021 – LIFE24-NAT-BG-EP for Birds LIFE). На настанот учествуваа претставникот на ...
Read More »Министерот за дигитална трансформација, Андоновски денеска оствари средба со Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави
Фото: Министерство за дигитална трансформација Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. На средбата се разговараше за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста, во контекст ...
Read More »Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија ...
Read More »Муцунски освари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Прево
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево. Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент на ...
Read More »Вечерна на љубовта во Бигорски
Во овој сепразничен ден, кога целиот свет дише и се просветлува со несоздадената светлина на Христовото Воскресение, нашите срца треперат со радосен восхит, озарени од силата на благодатта што се излева врз секоја душа жедна за вечност. Со радосни восклици кои ја сведочат победата на Животот над смртта, продолжуваме да Го славиме Оној, Кој со Своето тридневно станување од гробот ...
Read More »Мицкоски му ја честиташе победата на Маѓар, очекува поддршка за Македонија и регионот
Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс ...
Read More »Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и ...
Read More »Со нова мобилна апликација граѓаните можат да помогнат во истражување на пеликаните во Преспанското Езеро
Фото: Македонско еколошко друштво Со цел да се зачува биолошкатата разновидност на Преспанското Езеро, Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина од Албанија промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во ова езеро, кое е распространето низ три соседни држави. Како што велат од МЕД, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden