Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. „Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу ...
Read More »Македонија
Мицкоски – Рама: Заедно цврсто чекориме по патот кон ЕУ
Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан ...
Read More »Премиерот Мицкоски на Самит на Европската политичка заедница во Тирана
Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Во ...
Read More »Вицепремиерот Николоски на средба со министерот за одбрана на Унгарија, Кристов Залаи Бобровницки
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. Стратешката цел е зачувување на мирот и ...
Read More »Муцунски на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа
Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Состанокот се одржа во контекст на ...
Read More »Македонија: Верските лидери ќе потпишат декларација против насилен екстремизам
Лидерите на верските заедници од земјава, денеска, по иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија (КОЗРГ), потпишаа Декларација на верските лидери во Република Македонија против насилен екстремезам. На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на насилниот екстремизам, бидејќи нивното ...
Read More »Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области. Оценувајќи ја работата на Македонија 2025 како обединувачка, плодна, успешна и корисна, таа информираше за процесот на формирање Совет за дијаспора како институционален ...
Read More »Делегација на Собранието на Македонија во набљудување на парламентарните избори во Албанија
Делегација на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегација, Халил Снопче и Никола Мицевски, членови на Делегацијата, учествуваше во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламенарните избори во Албанија, што се одржаа на 11 мај 2025 година. Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од парламентарци од ...
Read More »Мицкоски – Милановиќ: Стабилна и просперитетна Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион
Стабилна, просперитетна и интегрирана Европа е невозможна без полноправно членство на целиот регион, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски по денешниот работен ручек со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Македонија. Како што се посочува Мицкоски во објава на Фејсбук, со хрватскиот претседател разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во ...
Read More »7 Мај – Денот на македонската полиција
Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев, раководството на министерството, министри и членови на дипломатскиот кор. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden