Македонија

21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во ...

Read More »

Македонија: Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на Агенцијата за иселеништво

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов. На средбата, директорот ја информираше претседателката за организацијата на Агенцијата и за човечките ресурси во неа, како и за преземените и планираните активности, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации. Тој истакна дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка ...

Read More »

Николоски: Започнуваме со реконструкција на Воена болница и изградба на нова терминална зграда на охридскиот аеродром објекти од витално значење за Македонија

Го означуваме почеток на два големи проекти, едниот е реконструкција на Воена болница во вредност од 12 милиони евра и изградба на нова административна зграда со проширување на просторот за патници во вредност од 2,7 милиони евра или вкупно 14,7 милиони евра за овие многу значајни капитални проекти, истакна денеска на прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. ...

Read More »

Андоновски во Будимпешта: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан

Ние не сакаме само да бидеме во чекор со дигиталната револуција – сакаме Македонија да стане лидер во дигиталното управување во Западен Балкан“ изјави министерот Андоновски. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски се обрати на Регионалниот развоен форум во организација на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ), кој овие денови се одржува во Будимпешта, Република Унгарија. На сесијата посветена на состојбата на ...

Read More »

Проф. д-р Катерина Тодороска: Димо, со крстот на чело

Во 1981 година Ратко Оризовиќ, се потпиша како сценарист и режисер за филмот „Животот пишува романи, ама нема кој да ги чита“. Филмот трае само 24 минути, а ја обработува темата за расправиите на двајца домаќини за една меѓа. И реално, таа тема е толку стара и толку актуелна што од неа може да се направи енциклопедија за расправи. Мојата ...

Read More »

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија. „Македонците се многу традиционални, ги сакаат своите семејства, можеби сме малку, но македонската заедница во САД е многу важен дел од американското општество. Знам дека го подржаа претседателот Трамп за време на ...

Read More »

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави интензивната инфраструктурна активност, како одговор на потребата од подобра внатрешна и регионална поврзаност, како и поврзаност со ЕУ. Во модерната инфраструктура, таа гледа основа за побрз економски развој, како и зголемување на домашните и странските инвестиции. Министерот Николоски ја ...

Read More »

Македонија: МОН објави конкурси за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурси за стипендии за студирање на најдобрите универзитети според Шангајската листа за академската 2025/26 година. Стипендиите се наменети за македонски граѓани кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на врвни универзитети. Новите услови бараат стипендистите по дипломирањето да се вратат и да работат во Македонија двојно повеќе од времетраењето на ...

Read More »

Николовска разговараше со Гордана Сиљановска Давкова за лекторатите и катедрите за македонски јазик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Кристина Николовска, информираат од нехзиниот кабинет. Николовска, ја информирала претседателката за неодамна одржаната Петта зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, оценувајќи ја како исклучително успешна, како и за подготовките за ...

Read More »

Николоски: Една од најголемите туристички агенции во Европа ќе носи туристи во Македонија

Уште во опозција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување ...

Read More »