Спорт

Васил Јанкула дел на зимски камп на Маврово – лица со попреченост скијаат со адаптивна опрема

Скијањето со помош на адаптивна опрема е практика во развиените земји, а сега е достапна и кај нас, велат од Здружението „Рекреакција“, кое на Маврово од 25 до 27 јануари организира зимски камп за лица со интелектуална и физичка попреченост. „Оваа адаптивна опрема дозволува лицата со попреченост да уживаат во снежните спортови, но и да се подготвуваат за спортски резултати“, ...

Read More »

Коби Брајант легендата на Лос Анџелес Лејкерс загина во хеликоптерска несреќа

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на спортот, Коби Брајант и неговата ќерка загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, пренесоа американските медиуми. Брајант кој беше петкратен НБА шампион со екипата на Лос Анџелес Лејкерс и два пати освои олимписко злато со репрезентацијата на САД, имаше 41 година. Бекот, кој целата своја кариера ја помина во кошаркарскиот тим од Калифорнија беше еден од ...

Read More »

Јана Атанасовска победи во слаломот во Чешка

Македонска победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република. Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место. Скијачката родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за ...

Read More »

Илина Арсова прва Македонка која ги искачи седумте највисоки врва во светот

Македонката Илина Арсова направи подгвиг, стана првата Македонка која успеа да ги искачи седумте највисоки врва на сите континенти. Последниот нејзин предизвик беше врвот Вилсон кој е на висина од 4892 метри на Антарктикот, каде го развиори македонското знаме. Инаку овој подвиг им успеал само на шеесетина жени во светот. Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон ...

Read More »

Македонските ракометари ја освоија титулата на „Трофеј Карпати”

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Романија со 20-24 (12-10) и го освои првото место на „Трофеј Карпати”. Селекцијата на Данило Брестовац одигра одлично второ полувреме, во кое на голот блесна голманот Никола Митревски и го ограничија противникот на едвај осум голови. Тој на крајот заврши со 16 одбрани, додека најефикасен беше Марио Танкоски со осум гола. Танкоски беше избран и ...

Read More »

Македонецот Александар Волкановски е нов светски шампион во УФЦ (ВИДЕО)

Александар Волкановски натпреварувач во мешани боречки вештини со македонско потекло е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија, откако ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј. Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова ...

Read More »

Вардар со победа ја заврши 2019 година и го потврди првото место во СЕХА

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар во рамки на СЕХА-лигата успеа да слави над Татран Прешов (28-25), во натпревар кој беше последен на домашен терен за избраниците на Едуард Кокшаров за 2019 година. Вардарци влегоа како фаворити, но дуелот мораа да го решаваат во второто полувреме кога се извлекоа прво од незавидната ситуација, па поведоа и го приведоа дуелот во своја корист. Клучни беа ...

Read More »

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот на турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во финалето на ИТФ Фјучерсот во Анталија успеа да ја совлада финската тенисерка Орпана со 2:1 (6:4, 6:7, 6:1) и успеа да дојде до нов трофеј во својата кариера. Турнирот се играше за награден фонд од 15.000 долари.

Read More »

Македонија го победи Израел за историскo трето место во квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација го победи Израел со 1-0 и го освои третото место благодарение на победата на Полска над Словенија, ова е нашиот најдобар пласман во едни квалификации. Македонија заврши на третото место, историски најдобар пласман за нашата селекција во едни квалификации. Вечерва го совладавме Израел со 1-0, а за третото место добивме помош и од Полска која ја совлада ...

Read More »

Албанијa го отвори новиот стадион (ВИДЕО)

Синоќа Албанија и официјално го отвори новиот стадон кој се вика стадион „Ер Албанија“, но Франција е пресилна селекција за да се направи нешто повеќе од пораз. Албанија го отвараше новиот стадион против актуелниот Светски првак, можеби нема подобра репрезентација во моментов за ваков чин, но јасно е дека против Франција тешко може да се дојде до поволен резултат. Французите славеа ...

Read More »