Свет

Бајден: Меѓународна средба за Украина во Германија

Американскиот претседател, кој денеска го прима украинскиот колега Зеленски во Белата куќа, најави меѓународна конференција за Украина што ќе се одржи во октомври во Германија. Американскиот претседател Џо Бајден најави одржување состанок на високо ниво за Украина, кој ќе се одржи во Германија во октомври. На состанокот на Контакт групата предводена од САД за поддршка на Украина, Бајден сака да ...

Read More »

Тел Авив: Израелската влада прогласи вонредна состојба во целата земја

Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, Израелските медиуми соопштија дека декларацијата ќе трае до 30 септември и значи, меѓу другото, дека големината на собирите може да биде ограничена. Сепак, досега армијата сè уште нема објавено нови инструкции.

Read More »

Над 4000 истовремени експлозии на пејџери во Либан, 11 загинати, илјадници повредени (ФОТО)

Во досега невидениот масовен напад без преседан врз припадници на милитантната група Хезболах, убиени се најмалку 12 луѓе, меѓу кои две деца. Експлозивот бил активиран, откако на корисниците на уредите им стигнала шифрирана порака. Oна што се случи беше како земјотрес, како ненадеен бран што удира на секого, и оние што биле мета и оние околу нив. , изјави жител ...

Read More »

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во источна и централна Европа

Едно лице се удави во југозападна Полска, а илјадници беа евакуирани преку границата во Чешка, поради силниот дожд кој продолжи да врне низ централна Европа, предизвикувајќи поплави во неколку области. Еден пожарникар, исто така, загина во поплавите во Долна Австрија, објави во неделата австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер на социјалната платформа Х, додека властите ја прогласија покраината околу главниот град Виена, ...

Read More »

Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца

По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трам уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи. ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“. Тоа е втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеци. Тој во средината на јули на собир во Батлер, Пенсилванија беше погоден во уво. Додека Трамп вчера играше ...

Read More »

Путин: Ако Западот и дозволи на Украина да напаѓа со проектили со долг дострел тоа би значело дека НАТО е во војна со Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека ако Западот и дозволи на Украина напади со ракети со долг дострел на руска територија тоа би значело дека „земјите на НАТО се во војна со Русија“. Ако ова одлука биде донесена, тоа би значело директно вклучување на земјите на НАТО во војната во Украина и тоа би ја сменила природата на ...

Read More »

Русија почна контраофанзива во Курскиот регион

Руските сили започнаа значајна контраофанзива против украинските војници кои минатиот месец влегоа во западна Русија и зазедоа дел од територијата, објавија промосковските воени блогери. На 6 август, Украина го започна најголемиот странски напад врз Русија од Втората светска војна, пробивајќи ја границата во рускиот регион Курск со илјадници војници поддржани од големи количини беспилотни летала и тешко оружје, вклучително и ...

Read More »

Израелскиот министер за одбрана тврди дека Хамас повеќе не постои како воена формација во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека воените капацитети на Хамас се сериозно оштетени по повеќе од 11 месеци војна, тврдејќи дека палестинската милитантна група повеќе не постои како воена формација во Газа, пишува Гардијан. „Хамас како воена формација повеќе не постои. Хамас е ангажиран во герилска војна, а ние сè уште се бориме против терористите на Хамас и ...

Read More »

Германија од 16 септември воведува пасошки контроли на сите граници

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер нареди воведување на пасошката контрола на сите копнени граници на земјата во обид драстично да се ограничи бројот на луѓе кои влегуваат во земјата без визи, јави ДПА, повикувајќи се на владини извори. Мерките стапуваат во сила на 16 септември и првично се очекува да важат 6 месеци. Фезер ја информирала Европската комисија за ...

Read More »

Путин ја покани Монголија на самитот на БРИКС

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух на почетокот на посетата на Монголија и го покани во Русија на претстојниот самит на БРИКС, јави ДПА. „Ве чекаме“, рече Путин за време на средбата во главниот град Улан Батор, пренесуваат руските агенции. Земјите кои брзо се развиваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република ќе ...

Read More »