Свет

Погледнете како беше пукано во Трамп (ВИДЕО)

Ова е моментот кога беше  пукано во поранешниот претседател Доналд Трамп. Во еден момент се забежува дека тој се држи за ушето додека се слушаат пукотници и обезбедувањето веднаш реагира и го изнесува.

Read More »

Уапсен генералот кој се обиде да направи државен удар во Боливија

Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генерал Хуан Хозе Зуниг, обвинувајќи го за обид за државен удар, а властите го уапсија, објави државната телевизија. Засега не се знае каде е однесен Зуниг. Претходно, армијата под команда на Зуниг донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши државен ...

Read More »

Путин во Северна Кореја првпат по 24 години, почнаа разговорите со Ким Џонг-ун (ФОТО+ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го пречека рускиот претседател Владимир Путин во Пјонгјанг со спектакуларна церемонија во средата, одбележувајќи ја првата официјална посета на рускиот лидер на земјата од 2000 година. Двајцата лидери ја започнаа официјалната церемонија на плоштадот Ким Ил Сунг во центарот на Пјонгјанг околу пладне во средата. Воен оркестар ги отсвири националните химни на двете нации, проследено ...

Read More »

Малезија се подготвува да стане членка на БРИКС

Малезија се подготвува да стане членка на БРИКС, изјави премиерот Анвар Ибрахим. Групата, првично составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, почна да се шири минатата година за да постави нови предизвици за светот во кој сè уште доминира Западот. Досега, БРИКС ги вклучуваше Саудиска Арабија, Иран, Египет, ОАЕ, Аргентина и Етиопија, а уште 40 земји изразија интерес ...

Read More »

Европската слободна алијанса ќе продолжи да биде гласот на различноста во Европскиот парламент

Европската слободна алијанса ќе продолжи да биде гласот на различноста на Европа во Европскиот парламент. По европските избори, нашите европратеници ќе продолжат да се стремат кон подемократска и поразновидна Европа од нивното место во Европскиот парламент. Од ЕФА, сакаме да им се заблагодариме на сите што ни се придружија за време на оваа кампања, засилувајќи ја нашата порака и правејќи ...

Read More »

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Германската полиција изврши координирани рации во седум сојузни држави и заплени кокаин вреден милијарди евра. Истражителите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија, пишува Билд. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е ...

Read More »

Косово ја слави 25-годишнината од своето ослободување

Косово одбележува 25 години од ослободувањето, кога мировните трупи на НАТО влегоа во Косово по воздушната кампања на Северноатлантската алијанса против српските воени и полициски цели во Косово и Србија. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на мрежата Икс напиша дека е благодарен за 25 години мир на Косово. Клинтон беше награден во Косово за неговиот придонес во ослободувањето на земјата. ...

Read More »

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи во Унгарија

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан освои 43,5 отсто од гласовите на европските избори во Унгарија, нешто помалку од очекуваното, пред партијата Почит и слобода (ТИСЗА) на неговиот потенцијален конкурент Петар Маѓар, која ги надмина очекувањата со 31 отсто. На европските избори во Унгарија, според првите податоци на унгарската изборна комисија, победи владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан со ...

Read More »

Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета ...

Read More »

Кандидат за локални избори на АфД нападнат со нож во Манхајм

Повторно напад со нож во Манхајм, овој пат погоден е кандидат на АфД за локални избори. Напаѓачот е уапсен. Кандидат на АфД за локалните избори во вторникот вечерта е напднат со нож во Манхајм, при што е повреден, а напаѓачот е уапсен, како што јави новинската агенција ДПА. Настанатот се случил во доцните вечерни чаови, потврди полицијата во Манхајм. Според ...

Read More »