Полицијата за немири и безбедносните сили се судрија со демонстрантите во неколку ирански градови поради демонстрациите против смртта на жена држена во притвор од страна на моралната полиција за неправилно носење хиџаб. Последните протести се одржаа во Техеран, Табриз, Карај, Јазд и други области, продолжувајќи со изливот на повици за правда што започна на 17 септември. Иранските власти соопштија дека ...
Read More »Свет
Германските безбедносни органи очекуваат немири поради инфлацијата
Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) предвидува дека инфлацијата и порастот на цените на енергијата може да имаат негативно влијание врз внатрешната безбедност во земјата и да предизвикаат слични протести како за време на пандемијата на коронавирус, јавија денеска германските медиуми. Можеме да очекуваме слична ситуација како за време на протестите против мерките за сузбивање на пандемијата, кога значителен дел ...
Read More »Гутереш: Светот е во опасност, но сѐ уште има надеж
Генералната дебата на 77. Собрание на ОН почна денеска со обраќање на генералниот секретар, Антонио Гутереш. Пред светските лидери Гуререш посочи дека земјите се „затворени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата. Нашиот свет е во опасност и парализиран – рече Гутереш во ...
Read More »Државен погреб на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)
На последното збогување со кралицата Елизабета Втора се очекуваат толку многу луѓе, како никогаш претходно – гости од цел свет и милијарди луѓе пред телевизорите ширум светот. Каков е распоредот за денот на погребот? Луѓето можеа да се збогуваат со кралицата Елизабета Втора до изутринава, во 6:30 часот. Нешто пред 11 часот, ковчегот од Вестминстерската палата ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија, ...
Read More »Евакуација на девет милиони луѓе во Јапонија поради тајфун
Девет милиони луѓе треба да бидат евакуирани од своите домови, бидејќи Јапонија беше погодена од еден од најсилните тајфуни Нанмадол, во кој едно лице загина, а речиси 70 беа повредени, јавува Би-Би-Си. Тајфунот го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу во неделата наутро, а се предвидува дека во следните неколку дена ќе го помине главниот остров Хоншу. Десетици илјади луѓе ја ...
Read More »Чарлс Трети официјално станува крал на Британија (ВИДЕО)
Чарлс III денеска официјално беше именуван за нов крал на Британија на церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон. Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело, започна во осум часот по локално време и ќе има два дела – објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата на Шкотска, ...
Read More »Новиот британски крал Чарлс III и се обраќа на нацијата по смртта на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)
Новиот британски крал Чарлс III ѝ се обраќа на нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс III, кој побрза да биде покрај кралицата пред таа да умре во нејзиниот дом во Шкотска, допатува назад во Лондон со сопругата Камила. Илјадници луѓе ги пречекаа пред Бакингемската палата. Пред обраќањето, кралот ја одржа својата прва средба со премиерката Лиз ...
Read More »Светот го одбележува Меѓународниот ден на солидарност со новинарите
Меѓународниот ден на солидарноста со новинарите се одбележува секоја година на 8 септември. Празникот е востановен во 1958 година со одлука на конгресот на Меѓународната организација на новинари. Датумот беше избран поради фактот што на 8 септември 1943 година, нацистите го погубија чехословачкиот новинар и литературен критичар Јулиус Фучик во Берлин. Додека бил во затвор, успеал да ја напише книгата ...
Read More »Чарлс Трети, нов британски крал
Во моментот кога умре кралицата Елизабета Втора, тронот веднаш помина на нејзиниот син и наследник Чарлс (74), досегашниот принц од Велс. „Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство. Длабоко жалиме за смртта на обожуваната суверена и многу сакана мајка. Знам дека нејзината загуба длабоко ќе ...
Read More »Почина британската кралица Елизабета Втора
Почина британската кралица Елизабета Втора, на 96-годишна возраст, јави Би Би Си. Таа беше британски монарх кој најдолго владееше на тронот, цели 70 години. Кралското семејство објави на официјалните профили на социјалните мрежи дека кралицата починала мирно во замокот Балморал во Шкотска. Наследникот на тронот, синот Чарлс со придружничката вечерва ќе остане во замокот, а утре се враќа во Лондон. ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden