Tag Archives: Македонци во Албанија

Работилница со учениците од Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец за подигање на свеста за семејно насилство

Денес, во рамките на проектот „Воспоставување на координиран механизам за упатување случаи на семејно насилство“, беше организирана работилница за подигање на свеста со учениците од Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец. Семејното насилство, механизмите за упатување случаи на насилство, родовата еднаквост, целосно остварување на правата на жените и зајакнување во општеството, беа некои од точките обучени за оваа активност, ...

Read More »

Општина Пустец во соработка со Проектот за прекуграничен биосферски резерват Преспа ги заврши потпорните sидови во Пустец, Туминец и Горна Горица (ФОТО)

Општина Пустец во соработка со Проектот за прекуграничен биосферски резерват – Преспа, во рамките на брзите мерки фаза 2, ги завршија работите на влезните потпорни sидови на селото Горна Горица, систематизацијата на мостот и потпорниот sид во центарот на селото. Завршени се и потпорниот sид во селото Туминец на влезот од селото и уредувањето на плоштадот во здравствениот дом, потпорниот sид ...

Read More »

Комесаријатот за заштита од дискриминација на Албанија објави видео повик на македонски јазик

Комесарот за заштита од дискриминација во Албанија објави видео запис на македонски јазик, во кое се посочува каде и како може да се јави секој Македонец кој смета дека е дискриминиран врз основа на националност. Текстот на македонски јазик го кажува младата Сабина Џелили, по потекло од Голо Брдо а живее во Елбасан. Таа е член на македонското друштво “Илинден“-Тирана. ...

Read More »

Македонското друштво „Илинден“-Тирана издаде брошура со сите резолуции изглaсани од ФУЕН по повод Светскиот ден на човековите права

По повод Светски ден на човековите права од печат излезе брошура со сите резолуции од македонското друштво „Илинден“-Тирана изглaсани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Во брошурата се сместени сите досега поднесени и изгласани резолуции, и истата е испечатена на македонски, албански и англиски јазик. Имајќи го во предвид фактот што оваа брошура излегува за првпат, а особено што ...

Read More »

Ламбе Шатровски генерален координатор на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за Македонија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана информираше дека за генерален координатор на друштвото за Македонија е назначен Ламбе Шатровски. Шатровски е роден во селото Пасинки, област Голо Брдо, основно образование завршил во родното место, додека средно во Скопје, каде што живее и работи. Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статутот и согласно своите надлежности донесе одлука за генерален координатор ...

Read More »

Пратеникот Стерјовски и неговиот колега Гркот Лигораќ Карамело заедно против казните предвидени во законот за попис во Албанија

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски заедно со пратеникот од грчкото малцинство, ќе поднесат амандаман за укинување на казната во законот за попис во графата за етничка припадност. Оценуваат дека членот со кој се предвидуваат казни е во спротивност со меѓународните инструменти кои гарантираат слобода на изразување. -Заедно со мојот колега пратеник од грчкото ...

Read More »

Македонците во Пустец го одбележаа патронот на црквата и нивен заштитник „Свети Архангел и Михаил“ 

Македонците во Пустец, Мала Преспа, вчера го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел и Михаил“,празник кој го чествуваат и како нивен заштитник. На голем број семејства овој ден им е домашна слава. Во црквата, која се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев“, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко. Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер ...

Read More »

Дебата од серијалот “Дијаспората за Македонцките Работи”- 6та Епизода (ВИДЕО)

Шеста епизода од серијалот дебати “Дијаспората за Македонцките Работи“ во организација на “Македонски Национален Совет“ и “Ние Сме Македонија“. Низ повеќе епизоди, ја отвораме темата за македонската дијаспора: за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонското иселеништво и македонското национално малцинство (МНМ), за нефункционалноста на македонската дипломатија во однос на иселениците и МНМ, за незаинтересираноста на македонските институции за ...

Read More »

Албанскиот парламент го усвои буџетот за 2021 година, не поминаа предлозите на пратеникот Стерјовски за Пустец, Голо Брдо и Гора

Со 84 гласа „за“, 14 против и еден воздржан, албанскиот Парламент го усвои буџетот за 2021 година, што ќе тежи над четири милијарди евра. Буџетот главно е насочен кон економското закрепнување на земјата по двете природни катастрофи, земјотресот од 26 ноември 2019 година и пандемијата предизвикана од Ковид-19. Економскиот раст е проектиран на 5,5 проценти во 2021 година и 4,8 ...

Read More »