Македонци – Албанија

Рекордна фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо 

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи, регистрирана е рекордна фреквенција на патници споредено со претходната година. На граничниот премин Џепиште-Требиште минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници“, потврдуваат од министерството. Зголемената фреквенција на  се должи, ...

Read More »

Прекрасни фрески на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Мала Преспа

Прекрасни фрески во островската црква Мал Град, Регионалната дирекција за културно наследство Корча го привлече вниманието на прекрасните фрески на црквата пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Мала Преспа. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Мала Преспа, од 14 век и е еден од ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат Општина Голо Брдо и Гора 

Десет години по територијалната поделба направено 2014 година во областите Голо Брдо и Гора каде живее македонското национално малцинство се уште останаа неразвиени. Во 2014 година, општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо беа укинати, за да се приклучат кон општините Булќиза и Либражд, а општините Шиштеец и Запот во областа Гора беа припоени кон Општина Кукс. Македонско ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција реагира на изјавата на албанската амбасадорка во Софија

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило. Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју ...

Read More »

Сочувство од Mакедонско друштво “Илинден” -Тирана по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија

Mакедонското друштво “Илинден” -Тирана упати сочувство до Албанската православна автокефална црква и до верниците по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија. Во мое лично име,  во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, ...

Read More »

Фетаху: Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле и сме горди Македонци!

По назначувањето за координатор на Македонското друштво Илинден-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху упати благодарност до преседателот и до раководството на Македонското друштво Илинден-Тирана. Во својата порака наведува „изразувам голема благодарност за повторно искажаната доверба, по втор пат, да бидам преставник на Македонското друштво Илинден-Тирана за нашиот регион Голо Брдо. Чест и задоволство ми е да ја извршувам дејноста ...

Read More »

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник ...

Read More »

МАЕИ бара од албанските власти под итно да ги прекинат активностите на фондацијата „Бугарска меморија“

Македонска алијанса за европска интеграција, која ги застапува и заштитува правата на македонската заедница, побара од албанските власти под итно да ја забранат активноста на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, при тоа изразувајќи „длабока загриженост за тековните напори на бугарските власти и споменатата фондацијата да ја асимилираат македонската заедница“. Директно му се обраќаме најпрво на премиерот Еди Рама од кого ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана Фатри Фетаху го назначи за координатор на друштвото за областа Голо Брдо

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи Фатри Фетаху за координатор на друштвото за областа Голо Брдо. Фатри Фетаху е роден во село Требиште, област Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист на македонското национално малцинство  во областа Голо ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Сабина Џелили ја назначи за координатор на друштвото за Округот Елбасан

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи Сабина Џелили за координатор на друштвото за Округот Елбасан. Сабина Џелили е родена во град Елбасан по потекло од областа  Голо Брдо. Сабина Џелили е член на Македонско друштвото ‘’Илинден’’-Тирана од 2019 година и активист на македонското национално малцинство ...

Read More »