Tag Archives: Македонија

Русјаков: Македонското Иселеништво Веднаш да Формира Влада на Република Македонија во Егзил

  „Триесет и четврти ден од реалната севернонацистичка окупација на Македонија. Го повикувам македонското иселеништво веднаш да направи влада на Република Македонија во егзил. Ве имаме доволно посветени, способни, успешни и родољуби“. Овој повик на Фејсбук го објави познатиот македонски колумнист и патриот Александар Русјаков.

Read More »

Бездникин: Македонско-руската соработка има огромен потенцијал

По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република  Македонија, рускиот амабасадор Сергеј Бездникин денеска изјави дека потенцијалот на руско-македонската соработка е огромен. “Гледајќи наназад во неодамнешното минато очигледно е дека има многу работи на кои можеме да се потсетиме и да се гордееме. Голем број планови и проекти веќе се реализирани. Во некои работи можеби ...

Read More »

Сочувство од Претседателот Иванов по повод трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати сочувство до семејствата на загинатите патници во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Почитувани, Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува сочуство до семејствата на закинатите во сообраќајна несреќа кај Карпалак

  Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува сочуство до семејствата на 14 загинати патници во тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак, од кои седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените. – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Read More »

Македонија: Тринаесет загинати по автобуската несреќа на автопатот Скопје – Тетово

  Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените. Во болница ...

Read More »

Началникот на ГШ на АРМ во посета на командата на КФОР во Приштина

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари  редовна планирана  посета на командата на КФОР во Приштина. За време на посетата генералот Ѓурчиновски оствари средба и разговори со командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио, која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал Д’Адарио за командант на КФОР ...

Read More »

Македонски планинари се искачија на Аконкагва

Двајцата македонски планинари, Александар Кирковски и Димитар Тодоровски, вчера успешно го искачија највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва 6962 метри надморска височина. Аконкагва се наоѓа на Андите во Аргентина, близу границата со Чиле, а освен на континентот претставува воопшто највисок врв надвор од Азија. „Искачувањето го реализиравме со почеток од вториот висински камп, времето беше стабилно со ветар од 40 ...

Read More »

По десетти пат Школа за млади лидери на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 22 февруари во Струга. Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи ...

Read More »

Николов: Не смеете да менувате име кое не е ваше

Не смеете да менувате име кое не е ваше. Корумпираните македонски политичари не се сопственици на името Македонија. Нашето име Македонија им припаѓа на сите Македонци од распарчената Македонија. Името си го чувавме илјадници години – и тоа име е Македонија пишува Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.

Read More »

Филмски фестивал „Руска зима“ во Кинотека на Македонија

По повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи ревија на рускиот филм. Во рамките на Месецот на рускиот филм под наслов „Руска зима“, ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови. Фестивалот ќе биде отворен на 4 февруари во 20 часот со филмот „Ана Каренина: Приказната на ...

Read More »