Во пресрет на празникот Христово воскресение – Велигден извршени се одредени неопходни градежни зафати на објектот на црквата „Св. Димитриј“ во село Горна Горица, областа Мала Преспа. Како што информира отец Алексо Темелко, благодарение на донацијата на Деан Нестор, македонски иселеник, со потекло од ова преспанско село, изградени се сводови на тремот во црквата. Според отецот, овој божји храм има ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Програма на “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”
Во организација на Македонското друштво “Илинден“- Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија по вторпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, туку и од други делови на Албанија, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Според него, на оваа ...
Read More »Во организација на македонско друштво “Илинден“ во Тирана ќе се одржи втор фолклорен фестивал на македонците во Албанија
Во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, вторпат во Тирана ќе биде одржан “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана со кампања “Горе главата – Изјасни се дека си Македонец“
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, почнаа медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се. Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани ...
Read More »Македонскиот амбасадорот Марковски се сретна со новиот шпански амбасадор во Тирана
Во рамки на својата работна агенда Марковски остварува средби со многу свои колеги. Согласно правилата на протоколот, кои се однесуваат на вообичаеното дипломатско претставување на ново дојдените шефови на дипломатските мисии, во амбасадата на Македонија, амбасадорот Данчо Марковски го прими ново именуваниот амбасадор на Шпанија во Тирана, Алваро Ренедо, информираа од амбасадата. Се додава дека разговорот бил искористен за меѓусебно ...
Read More »Црковниот одбор на Пустец упати апел за помош за изградба на камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил”
Црковниот одбор на село Пустец по барање на македонските верници од Пустец, реши да изгради камбанарија за црквата “Св Архангел Михаил” во Пустец, областа Мала Преспа, Отец Алексо Темелко во име на црковниот одбор на село Пустец упати апел до сите верници да донираат за изградба на камбанаријата. Во апелот на отец Алексо Темелко стои: Почитувани сонародници! Сите го знаеме, ...
Read More »Mакедонскиот амбасадор Марковски на работен ручек со француската амбасадорка и германскиот амбасадор во француската резиденција
Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак, организираше средба на која присуствуваа германскиот амбасадор Петер Зинграф и македонскиот амбасадор Данчо Марковски. Во разговорот преовладуваа темите за актуелната состојба во Украина и последиците што воениот конфликт може да ги предизвика. Барсак, чија земја претседава со Унијата и Зинграв ја истакнаа неопходноста од неодложно заокружување на процесот на интеграција на Македонија и Албанија, односно ...
Read More »Единаесетта годишнина на македонскиот весник “Илинден”
Пред точно единаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“- Тирана. Изминативе единаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на ...
Read More »Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Македонците во Албанија
Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес. Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden