Tag Archives: Македонци во Албанија

Mакедонскиот амбасадор Марковски на работен ручек со француската амбасадорка и германскиот амбасадор во француската резиденција

Амбасадорката на Франција, Елизабет Барсак, организираше средба на која присуствуваа германскиот амбасадор Петер Зинграф и македонскиот амбасадор Данчо Марковски. Во разговорот преовладуваа темите за актуелната состојба во Украина и последиците што воениот конфликт може да ги предизвика. Барсак, чија земја претседава со Унијата и Зинграв ја истакнаа неопходноста од неодложно заокружување на процесот на интеграција на Македонија и Албанија, односно ...

Read More »

Единаесетта годишнина на македонскиот весник “Илинден”

Пред точно единаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“- Тирана. Изминативе единаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Македонците во Албанија 

Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес. Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...

Read More »

Кристо Темелко (Врбник, 1915 – Тирана, 1990) поборник за македонскиот јазик во Албанија

Роден е на 18 април 1915 година во село Врбник, син на Јани и Донес, генерал, член на основачкото собрание на К.П.А. Во пролетта 1937 година бил избран да раководи со огранокот на Скадарската групација во Тирана, заедно со Ќемал Стафа и Васил Шанто. Тој беше осуден на една година за неправилност против државниот и економскиот поредок на 10 февруари ...

Read More »

Македонците во Албанија против антимакедонската кампања на Бугарија

Бугарија преку својата амбасада во Тирана подолг период презема повеќе антимакедонски активности, се со цел македонското малцинство да го прикаже како бугарско, велат претставници на македонското малцинство во Албанија. Според партијата на Македонците во Албанија и македонските здруженија, антимакедонските активности посебно се нагласени во последно време преку давање бугарски пасоши, стипендии, па и парични средства на етнички Македонци. Македонците во ...

Read More »

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс во посета на Општина Пустец

Директорот на проектот „Силни општини“ Норберт Пијлс оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Коефски. За време на посетата нашироко беше разговарано со градоначалникот и општинскиот совет за досегашниот придонес и интервенциите на проектот во подобрување и зајакнување на локалната власт. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците ...

Read More »

Во чест на Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) (14 јули 1914, Охрид – 17 јануари 2000, Поградец)

Дниве се навршуваат 22 години од смртта на една од најпознатите актерки од Поградец, Загорка Шуке, родена Канефче. Македонката Загорка Шуке (р. Канефче) е родена во македонскиот бисер Охрид, на 14 јули 1914 година. На нејзини 14 години, заедно со семејството, Загорка го напуштила Охрид и се преселила во градот Поградец. Претходно, нејзиниот татко како професионален рибар заминал за Поградец ...

Read More »

Православниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во Албанија

Православниот празник Богојавлние – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештенците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на ...

Read More »

Македонците во Албанија го одбележуваат Христовото раѓање – Божик

Македонците во Албанија каде и да живеат, достоинствено, како што и му доликува го одбележуваат Христовото раѓање – Божик. Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црвите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се ...

Read More »