Во областа Гора поради пандемија како никогаш досега не се прослави Св. Ѓорѓи – Ѓурѓовден овј празник е нај голмито празник во областа Гора симбол на одвојување од долгиот период на зимата и доаѓањето на летото. Но и покрај ова, жените од областа не ја заборавија главната церемонијална во чест на овој ден, облекувањето на девојчињата во народни Македонски носии од ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките
Македонското друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува најновата провокација на Бугарската академија на науките со новата книга “За официјалниот јазик на Македонија” да се нарекува македонски бугарски јазик. Ниту Македонците се Бугари, ниту Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик! Македонското друштво “Илинден”-Тирана со индигнација го отфрла антимакедонизмот на Владата во Софија и Бугарската академија на науките со вакви книги, во ...
Read More »Kанцеларијата на Советот на Европа во Тирана отпечати брошура на македонски јазик за Ковид -19
Во Албанија отпечатена е брушура за Ковид-19 на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа. Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа. ...
Read More »Македонската фамилија Цфарку предаде икони и предмети од црквата Свети Никола во село Стеблево областа Голо Брдо (ФОТО)
Македонската фамилија Цфарку потекнува од село Стеблево, областа Голо Брдо во Албанија. Една од членовите на оваа позната фамилија е г-ѓа Вероника Цфарку Буџаку. Таа, со љубов и посветеност кон Бога ги предава наследствата оставени од многу почитуваниот, чесен, помошник и соработник на црквата Свети Никола во село Стеблево, нејзиниот сопруг г-дин Трифон Цфарку. Имено, во пресред на празникот Ѓурѓовден ...
Read More »Комисија за надворешна политика го поддржува барањето на Стерјовски за нов граничен премин на албанско-грчката граница кај село Церје, Општина Пустец
Комисија за надворешна политика на албанскиот Парламент, со која раководи Мими Кодели, од владејачката Социјалистичка партија, на денешната онлајн седница, го поддржа барањето за отворање нов граничен премин со Грција, кај селото Церје, општина Пустец. -Античките латински научници порано велеа “Carta canta, villan dormi”, така да ќе го доставиме и писмено барањето до Министерството за надворешни работи со цел да ...
Read More »Стерјовски побара поголема ангажираност за изнаоѓање пазар за планинскиот чај од Мала Преспа (ВИДЕО)
Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски на денешната седница на парламентарната комисија за европска интеграција, користејќи го неговото учество, побара од министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси, да помогне во изнаоѓањето пазар за планинскиот чај од општина Пустец. На седницата која се одржуваше онлајн а со која раководеше Рудина ...
Read More »Општина Булќиза третрпат подели помош за Македонците во Острени, областа Голо Брдо
Во распределбата на помошта беа вклучени вработените на Општина Булќиза и вработените на админстративната единици Острени, областа Голо Брдо. Општината Булќиза, каде територијално припаѓа и административната единица Острени, населена главно со Македонци, распредели помош за најзагрозените семејства која се состои од храна. Општина Булќиза третрпат подели помош за Македонците во админстративната единици Острени до секој дом ја донесоа вработени од ...
Read More »Ќе се реставрира црквата „Свети Спас“ во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара
Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата „Свети Спас“ во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара. Усвоениот проект од страна на Националниот совет за реставрација предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата. Овој божји храм е изграден 1270 година и како споменик на културата под заштита на државата е од 1970 година. Ѕидовите се изградени од камен поврзани со ...
Read More »Започна реконструкцијата на основното училиште во Крчиште обласата Полени
Амортизираното основно училиште во Крчиште беше голем проблем за Македонците во Долно Крчиште и Горно Крчиште, областа Полени, Маќелара. Општина Дебар започна изградба на ново училиште ова е првото училиште во Дибар, отворено во 1910 година. Новото училиште ќе опслужи на 140 ученици од Долно Крчиште и Горно Крчиште. Училиште е дизајнирано со целата потребна модерна инфраструктура и работите се предвидени за ...
Read More »Општина Булќиза подели помош за Македонците во Клење, областа Голо Брдо (ВИДЕО)
Општина Булќиза подели помош за Македонците во село Клење админстративна единици Требиште, областа Голо Брдо до секој дом ја донесоа вработени од Општина Булќиза со теренско возило поради лошата патна инфраструктура. Секое семејство беше информирано за бројот на телефон на кој за каква било потреба може да се јави. Административната единица Требиште, е некогашната општина Требиште, која беше укината со ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden