Tag Archives: Македонци во Албанија

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Мала Преспа

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Република Албанија, со Предлог­законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент. Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, ...

Read More »

Интервју за Мета: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

  Македонската алијанса за европско интеграција (МАЕИ), која е политички репрезент на етничките Македонци во Албанија, донесе правилна одлука во вистинско време, за коалицирање со партијата на Илир Мета – вели во изјава за „Мета“, претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонскиот политички фактор во Албанија одбива соработка со Еди Рама и со неговата Социјалистичка партија, поради национализмот ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција одржа состанок на Извршниот комитет

Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија одржа состанок, на состанокот беше донесена одлука за коалиција на наредните парламентарни избори во Република Албанија што треба да се одржат на 18 јуни годинава. Македонската партија во Албанија ќе коалицира со Движењето за социјалистичка интеграција, кое времено го предводи Петрит Васили, откако од лидерската позиција се откажа Илир Мета. ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај имаше средба со студенти по потекло од Голо Брдо што учат во Прилеп

  Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај имаше средба со студентите по потекло од Голо Брдо што учат во Прилеп. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана rазговараа за проблемите со кои се соочуват во текот на студирањето, но и како се интегрираат сред врсниците и во градот Прилеп. Овие студенти учат во Економскиот факултет. Тие се многу задоволни со учењето ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција

На парламентарни избори во Република Албанија што ќе се одржат на 18 јуни, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција, на чија листа за ИЕ Корча е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ. Партијата на Илир Мета, која откако тој се откажа од лидерската функција привремено ја предводи Петрит Васили.  

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана му го честиташе изборот на Илир Мета за претседател

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до новоизбранот претседател на Република Албанија, Илир Мета. Почитуван претседател, дозволете ми од името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и од мое лично име, да ви ја честитам функцијата претседател на Република Албанија. По дадената доверба од Парламентот на Република Албанја да ја предводите државата во следните пет години, веруваме дека ќе бидете претседател на сите ...

Read More »

Европскиот парламент апелираа до Албанија за брзо затворање на прашањето за имотот на малцинствата

  Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан апелирал до Албанија што побрзо да ја затвори процедурата за враќање и компензација на имотот на малцинствата. Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот извештај за Албанија, Хан наведе дека „овој ...

Read More »

ОМД Статија во Фокс Нуз: Вистинската приказна за Република Македонија

  Американската Телевизија Фокс Нуз Објави Статијата од Претседателот на Обединета Македонска Дијаспора Методија А. Колоски со наслов “Вистинската приказна за Република Македонија.” Кликнете овде за линк од статијата. Во име на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), реагирам на неодамнешните политички махинации кои произлегоа од Албанија постигнувајќи се, освен пријатна мелодија низ нејзината граница со Република Македонија. Прво и основно, Џовалин ...

Read More »

Фудбалски турнир “Преспа 2017”

Во организација на Општина Пустец се одржа традиционалниот фудбалски турнир “Преспа 2017” каде учество осум фудбалски екипи од Пустец, Туминец, Горна Горица, Леска, Церје, Глобочани и Шулин. Првоото место го освои екипата од Пустец.      

Read More »

РТШ репортажа за Македонците во Мала Преспа

По повод Велинденските празници екипа на Државната Радио Телевизија на Албанија РТШ направи репортажа за начинот на кој Македонците во Мала Преспа го прославуваат Големиот Христијански Празник Велигден.  

Read More »