Во 2021 година се случија два тажни закопи во Овчарани. Починаа маж и жена, во своите 90 и кусур години возраст. Нивниот син Панајотис на надгробните споменици покрај грчкото им го запиша и македонското име и презиме. Сега покрај името на татко му Јоанис Анастасиадис стои и името Јане Ашлаков, а покрај името на мајка му Дона Анастасиадис стои и ...
Read More »Македонци – Балкан
Македонското меѓународно движење за човекови права ја поддршува одбраната на центарот за македoнски јазик во грција
По неговото регистрирање, Центарот за македонски јазик во Грција, лоциран во Лерин, се соочи со бројни тужби поднесени со цел да се поништи неговата регистрација. До денес, вкупно девет тужби се поднесени од разни организации, политички партии и, пред се, од јавниот обвинител на Лерин. Овие анти-македонски постапки се прават со цел да продолжи потиснувањето на правата на Македонците во ...
Read More »Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград ќе поднесе жалба по одбивањето да се регистрира здружението
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на ...
Read More »Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање за изучување на македонскиот јазик во регионите со македонско население во Грција
Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање до грчкиот министер за образование Ники Керамеос за воведување настава на македонски јазик. Бараат да се воведе македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција. Велат дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик ...
Read More »Македонците од Пиринска Македонија го чествуваа раѓањето на Гоце Делчев
Македонците од Пиринска Македонија во организација на забранетата партија ОМО “Илинден”денес го чествуваа раѓањето на еден од најголемите револуционери. Ова го соопшти Атанас Кирјаков на својот фејсбук профил кој напишра: „Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија, 151 година од раѓањето на Гоце Делчев!“ Во објавата додаде дека се поминала во мирна атмосвера, но под присуство на полицијата. Во мирна атмосфера, под присуство ...
Read More »Во Србија објавен Речник на македонски глаголи
По повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија, денеска во Музејот на обединувањето во Нови Сад беше претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ, чие објавување е поддржано од покраинската влада, пренесува Бета. Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала посветеност на единството и односот ...
Read More »Македонците во Србија бараат отварање Kатедра за македонски јазик и Лекторат во Белград
Македонија и Србија имаат најдобри можни „братски” меѓусебни односи на сите полиња. Србија го признава македонското малцинство, неговиот идентитет, АСНОМ, македонското име, македонскиот јазик и култура. Во Србија живеат над 100.000 Македонци. Тие имаат телевизиски и радио емисии, имаат свои македонски публикации и весник, училишта во кои децата го учат македонскиот јазик. Но, во соседна Србија веќе 30 години нема ...
Read More »Честитка за Божик од „Единствена горанска партија“
Во името на партијата „Единствена горанска партија“ им честитам Божиk на сите верници кои слават според Грегоријанскиот календар! Многу здравје и радост во вашите семејства! – стои во честитката потпишано од Адем Хоџа претседател на партијата „Единствена горанска партија“.
Read More »Патот Рестелица граничниот премин Стрезимир областа Гора кон Македонија ќе биде готов до крајот на 2022 година (ВИДЕО)
Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму. Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на ...
Read More »Конституиран Македонскиот национален совет – Борче Величковски повторно претседател
Месец дена по изборите за членови националните совети на националните малцинства, Македонскиот национален совет ја одржа својата конститутивна седница во свечената сала на Градската управа Панчево. Ова е петтиот мандат на Македонскиот национален совет. Конститутивната седница започна со интонирањето на српската и македонската химна, во присуство на сите членови на Националниот совет, претседателите на македонските здруженија во Србија, претставникот на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden