Македонци – Балкан

Честитка за Божик од „Единствена горанска партија“

Во името на партијата „Единствена горанска партија“ им честитам Божиk на сите верници кои слават според Грегоријанскиот календар! Многу здравје и радост во вашите семејства! – стои во честитката потпишано од Адем Хоџа претседател на партијата „Единствена горанска партија“.

Read More »

Патот Рестелица граничниот премин Стрезимир областа Гора кон Македонија ќе биде готов до крајот на 2022 година  (ВИДЕО)

Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора по неколку години побара преминот да има постојан граничен режим, што значи отворен да биде 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивен опстанок таму. Преку овој премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на ...

Read More »

Конституиран Македонскиот национален совет – Борче Величковски повторно претседател

Месец дена по изборите за членови националните совети на националните малцинства, Македонскиот национален совет ја одржа својата конститутивна седница во свечената сала на Градската управа Панчево. Ова е петтиот мандат на Македонскиот национален совет. Конститутивната седница започна со интонирањето на српската и македонската химна, во присуство на сите членови на Националниот совет, претседателите на македонските здруженија во Србија, претставникот на ...

Read More »

18-ти Декември – Ден на националните малцинства во Романија

На 18 декември 1992 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на националните, етничките, религиозните и лингвистичките малцинства. Со одлука на Владата бр. 881/1998, денот 18 декември е прогласен за Ден на националните малцинства во Романија. На иницијатива на пратениците кои припаѓаат на Групата на националните малцинства во Романија, беше промовиран предлог-законот ...

Read More »

Македонските организации во Бугарија го одбележаа роденденот на Вапцаров

Македонските организации во Бугарија денеска свечено го одбележаа роденденот на Никола Вапцаров, Македонецот исполнет со голема љубов кон својата татковина Македонија, што создавал и работел за нејзината иднина. Цвеќе беше положено пред споменикот во неговиот роден град Банско, при што пред присутните се обрати претседателот на ОМО Илинден – Стојко Стојков. Тој ги рецитираше песните на Вапцаров за неговата татковина ...

Read More »

Комитет на министри на Советот на Европа: Бугарија да дозволи отворање здруженија на македонското малцинство

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, побара извршниот орган на најстарата паневропска организација на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур. Неизвршената ...

Read More »

Македонците во Романија го прославуваат 8 Декември – Денот на Македонскиот јазик во Романија

Македонците во Романија го прославуваат 8 Декември – Денот на Македонскиот јазик во Романија. Благодарение на Ионел Станцу , пратеник од Македонската заедница во Романскиот Парламент, се исполни визијата на културната манифестација “Мисиркови денови” во Романија. Вреди да се спомене, голема заслуга за оваа придобивка и афирмација на Македонскиот јазик во романското општество имаше и покојната Лијана Думитреску која беше ...

Read More »

Регистриран Центар за македонски јазик како невладина организација во Егејска Македонија

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство објавува дека официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција. Барањето за регистрација на организацијата беше одобрено од страна на Судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година. Последните административни работи поврзани ...

Read More »

Стојков за Алфа: Во Бугарија има многу повеќе Македонци од оние што успеаја да се попишат

Нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци колку што покажа последниот попис. Немаа слобода да се изјаснуваат, немаше табела за македонска националност, а информациите говорат дека попишувачите одбивале или тврделе дека нема како да ги попишат тие што се чуствуваат Македонци – коментира за Алфа претседателот на ОМО “Илинден”, Стојко Стојков. Без да го заборавиме стравот поради силната ...

Read More »

Борислав Божинов од ОМО „Илинден” најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО “Илинден” најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО „Илинден” денеска присуствуваат на семакедонскиот ...

Read More »