Tag Archives: Македонци во Албанија

Стерјовски ја пренесе загриженоста на македонската заедница од Голо Брдо и потребата за 24 часовна работа на преминот Џепиште-Требиште

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент, ја изнесе загриженоста на македонската заедница од областа Голо Брдо во врска со работата на граничнот премин Требиште – Џепиште. Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција ја пренесувам загриженоста што ја покренаа жителите на македонската заедница од областа Голо Брдо на ...

Read More »

Валентин Андон, Македонец од Албанија го носи планинскиот чај на пазарот во Америкa

Надалеку познатиот „Планински чај“ Македонците од Пустец, Мала Преспа го продаваа најмногу во Охрид, Новото време донесе нови генерации, а Валентин успешно го гради брендот „Активити“ на пазарот во Америка. Роден во Корча, по потекло Македонец од Мала Преспа, Валентин по завршеното „Средно медицинско“ во Охрид замина на студии во Чикаго. Една година потоа тој е студент и млад бизнисмен ...

Read More »

Стерјовски поденсе до Собранието барање за интерпелација со премиерот Еди Рама, за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец

Пратеникот на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Васил Стерјовски денеска поденсе до Собранието барање за интерпелација со премиерот Еди Рама, за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец. Врз основа на член 96 од Деловникот за работа на Собранието, го поднесувам барањето за интерпелација со премиерот г-дин Еди Рама за ...

Read More »

Нако Грозданов (20 јули 1881, Врбник, Егејска Македонија денес во Албанија – 25 април 1969, Торонто, Канада) македонски револуционер, деец на ВМОРО

Грозданов во 1900 година заминал за Мала Азија, и таму бил се до Илинденското востание поради кое се вратил за да земе учество. Во востанието бил војвода на врбничката чета. Учествувал во битките кај, Билишта и Апоскеп, под раководството на неговиот братучед Пандо Кљашев, Иван Попов и Стерјо Стерјовски. Неговата мајка е страшно убиена (пресечена) од турците за време на ...

Read More »

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица (ФОТО)

Македонците во Албанија го прославија празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година,според јулијанскиот календар. По традиција празникот се одбележа во духот на македонските обичаи и традиција.  Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник,синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци и прадедовци, деца маскирани и ...

Read More »

Македонците во село Ербеле областа Поле го одбележаа Божик 

Македонците во село Ербеле, Маќелара го одбележаа големиот Христиjански празник Раѓањето Христово – Божик со литургија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век. На прославата за празникот присуствуваа Македонци  од Ербеле. Црквата Св.Преображение во 1973 година од албанските власти ја прогласија за споменик на културата. Областа Полени е помеѓу Маќелара и Пешкупеја има три Македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште ...

Read More »

Поп Атанас Аргинов православниот свештеник од Голо Брдо (1888, Себиште, Голо Брдо – 1974, Битола)

Според зборовите на Бенџамин Френклин „Ако не ве заборават штом ќе умрете, или напишете нешто што вреди да се прочита или направете нешто што вреди да се напише“. Да кажам дека мојот прадедо (православниот свештеник Атанас Аргинов) ги стори и двете работи не може да се негира. Во последниве децении, неговото наследство повторно се појави во форма на рачно напишана ...

Read More »