Македонско друштво „Илинден“-Тирана, преку соопштение за јавноста ја искажува поддршката за кандидатурата на Васил Стерјовски за пратеник на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на 25 овој месец. Се наведува дека врз основа на договорот за коалиција меѓу Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и социјалистката партија Стерјовски е кандидат за пратеник во изборната листа на СП за ...
Read More »Tag Archives: Македонци во Албанија
Стерјовски во предизборна кампања во Мала Преспа
Во рамки на неговата предизборна кампања, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е во трка за пратенички мандат во округот Корча, остварува средби со Македонците во општина Пустец, барајќи ја нивната поддршка. Тој е придружуван од градоначалникот на општината, Пали Колефски, а средбите, поради пандемијата, се реализираат според препораките на Комитетот на експерти, што подразбира забрана ...
Read More »Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...
Read More »Стерјовски: Вклучувањето во листата на Социјалистичката партија за нас е вреднување
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, вели дека не е дел од структурите на Социјалистичката партија но оценува дека е „ вреднување вклучувањето во кандидатската листа на оваа партијата за парламентарните избори на 25 април“. Јас сум претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, ...
Read More »Стерјовски: Бараме во албанското собрание да има гарантирани места и за малцинствата
Лидерот на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски, кој е и кандидат за пратеник од листата на владеачката Социјалистичка партија на престојните парламантарни избори во кои ќе се одржат на 25 април, изјави дека има реални изгледи тој повторно да биде пратеник во албанското собрание. Стерјовски во емисијата “60 Минути” на телевизија СОТ7 рече дека како досегашен ...
Read More »Стерјовски за СОТ7 телевизија: Не само што се чувствувам Македонeц, јас сонувам македонски (ВИДЕО)
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, рече дека „не само што се чувствува Македонeц, туку дека сонува македонски“ одговарајќи на прашањето како се чувствува Албанец или Македонец. Јас секако дека се чувствувам Македонец. Не само што се чувствувам туку и сонувам на македонски. Областа каде ...
Read More »Музеј за Стерјо Спасен, албанско-македонски проект во училиштето во Пустец каде предаваше писателот (ВИДЕО)
Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана
Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во ...
Read More »Стари слики од Мала Преспа (ФОТО)
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа
Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати апел до Македонците во Албанија, но и до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на малиот Василиј. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогнеме во лекувањето на малиот јунак Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Тој е роден на 25 март, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden